Текстови

Како можам да го дисциплинирам моето дете без да му го нарушам духот?

Како би изгледал вашиот живот без дисциплина? Сигурно не би постигнале многу нешта и сигурно не би имале вистинска блискост со Бога. Во Пословици 3.12  пишува: затоа што Господ ги воспитува оние што ги сака, како што  таткото му се радува на синот. Тој активно е вклучен во нашето поправање и формирање за да бидиме слични на него. Како родител ти си повикан да ја практикуваш Божјата дисциплина со твоите деца, но многу родители ова го доживуваат многу стресно и се прашуваат колку e доволно, што е премалку, т.е. премногу попустливо а што е премногу или престрого итн ? Денеска имаме можност да зборуваме за тоа. 

Родител: имам многу решително и своеволно, одлучно мало 1-но годишно дете. Сакам да го воспитам за да му служи на Господ. Што значи тоа да го воспитам а да не му го скршам духот?

Ајде да го разгледаме случајот од две страни, да направиме разлика помеѓу две нешта овде, првото нешто е детската личност – тоа е она што е и кое е детето – длабоко во себе, и другото нешто се нивните постапки, за кои ние понекогаш  мислиме дека не се во согласност со и не влијаат на самата личност на детето. Сите ние сме дојдени на овој свет со слободна волја, и таа волја треба да му се потчини на Бога. Ова бара дисциплина од Божја страна и Бог го има дисциплинирано секој еден од нас, на некој начин. Ова исто така подразбира јас и вие да ги дисциплинираме своите деца и да ги научиме нив колку е важно тие да се потчинат и да следат правила и обврски.  Ако не се успее во тоа да се дисциплинираат децата, тоа е еден вид на непослушност бидејќи ако вие сакате тие да бидат воспитани по Божја волја во секој поглед, вие морате да ги дисциплинирате на некој начин. 

Првото нешто – нивната личност тоа е всушност она што тие се и вие не сакате да ја скршите нивната личност и нивниот дух,  туку вие сакате да се справите со, и ваша цел се нивните постапки. И затоа цела дисциплина треба да биде насочена кон нивните постапки. 

Па тогаш како всушност ние го кршиме духот на личноста на детето? Кои се постапките кои ги правиме, а со кои ја повредуваме личноста на детето.

  1. Еден од начините кога го правите тоа е кога одбиваме да ги слушаме пораките од нив со што кажуваме дека не ни е важно тоа што сакаат да ни го кажат (значи не ни е важно детето). Со тоа кажуваме дека не ни е важно, не не интересира. Одбивањето да го слушниме нашето дете делува многу деструктивно.
    Пример: Воспитувањето без објаснување.

Доколку на нашето дете не му објасниме зошто, која е причинта поради која правите нешто (пр. го укорувате), тогаш се појавуваат различни прашања: да не не ме сакаш, зошто вака се однесуваш… Исто така, духот се крши и со игнорирање на детските мислења и барања, (желби). Родителите сметаат дека децата се мали и можеби нивните мислења и желби се неважни, но сепак факт е дека детето иако е мало, има личност, има дух, имаат длабоки емоции, чувства. Кога правиме децата да се чувствуваат безнадежни или беспомошни, тоа е многу лошо за нив, и многу лошо влијае на нив. Понекогаш сум видел како тоа се случува: кога родителите се преоптоварени со некои нешта, па на децата им кажуваат зборови што ги понижуваат на многу начини.

  1. Друг начин на кој можете да го скршите духот на вашето дете е да го споредувате детето со други деца. Зошто не си како него/ неа, зошто не го правиш тоа како неа/него,  зошто не се однесуваш како него итн.  Тоа ги прави децата да бидат “некои други“, а не лично тие, Тие не се како некои други, тие се вашите деца. Употреба на страшни, заплашувачки зборови, како на пример: ти никогаш, ти секогаш, исто така многу лошо  влијае на духот на детето. Бидејќи кон нас Бог не се однесува така , не постојат такви зборови како секогаш и никогаш. 
  1. Исто така, кршење на духот може да настане и со погрешно насочена лутина, бес. Понекогаш родителите погрешно ја насочуваат лутината, поради некој друг/некоја друга ситуација, врз своите деца, и тогаш детето не разбира што се случува и неговата личност е повредена. бидејќи во тој момент ти не си му објаснил на детето што ќе направиш (ќе го дисциплинираш своето дете) и поради што ќе го направиш тоа. Во вакви моменти, твоите мотиви не се исправни, и тоа што го правиш е грешка. 
  1. Уште еден начин е критикување на она што детето ќе го направи, најдобро што може и давајќи го максимумот од него. Дали некогаш сте се нашле во таква ситуација? Кога сте го дале најдоброто, а сепак не е доволно добро, сега тука зборуваме за тоа како се чувствува тоа дете, внатре во него. 
  1. Друг начин е и неуспехот да не се искажи љубовта во полна мера, целосно. Зборовите на љубов, комплименти, одобрување. Децата кои растат без овие елементи потоа се справуваат во текот на целиот живот со ова и нема да се справат. Тие секогаш , целиот нивни живот ќе бараат, чекаат некој вид на одобрување, потврда. Ако не се успее да се обезбедат добри работи за кои тие можат да се радуваат, да се гледа на добрите работи што ги прават во нивниот живот, се праќаат пораки до детето дека тоа не е важно, и тоа не се чувствува сакано. И доколку детето не се чувствува сакано, не е важно што ќе му дадеш за подарок , и многу важно е дека нема замена за тоа љувовта, и покажувањето на смислата на љубовта. 

Сега, ако дисциплината е правилна и е насочена кон во правилен правец, вие морате да си го поставите прашањето: зошто го дисциплинирам моето дете?  

Дали е тоа поради тоа што ти си вознемирен, или поради тоа што нешто направиле/кажале децата, или поради тоа што нешто се случува внатре во тебе? 

Второ, внимателно објаснете ја причината поради која ги дисциплинирате/укорувате/поучувате. Се сеќавам дека секогаш кога мојата мајка ќе ме поправаше, или искараше,  ми ја кажување причината за тоа.  Никогаш не го прифаќав тоа веднаш, но потоа ќе си ја признаев грешката, дека така не требаше да постапам. Разбирањето за тоа зошто сум бил воспитуван/укоруван, правеше да ја сакам мојата мајка, наместо да ја одбивам. 

И секако, кога го воспитувате вашето дете, објаснете му со љубов, со смирен тивок глас, значи да кажете ова е причината, заради тоа го правам ова, и поради смиреноста да сфатат дека тоа не е направено со лутина. 

Исто сакам да кажам не го воспитувајте вашето дете со лутина, нервозно. Доколку сте вознемирени или лути поради нешто, надминете го тоа, справете се со тоа пред да го дисциплинирате/укорите детето. Секој пат кога го дисциплинирате детето во ваква состојба, го казнувате повеќе отколку што треба и сте поагресивни и полути отколку што треба, и тоа многу лошо влијае на вашето дете, и поради тоа ова е апсолутно забрането. 

Ако сакате да го воспитувате правилно детето, тогаш исполнувајте ги вашите намери и укажувања. На пример ако на детето му ја кажете последицата односно што ќе направите, доколку не испочитува некое ваше барање, и на крај детето го направи тоа што е забрането, но нема последици, детето се збунува. Детето се фрустрира, бидејќи не му е јасно како некогаш може да се извлече со некои постапки, а некогаш не може, не му е јасно каде е крајната линија. Затоа ако го предупредите детето дека ќе превземте нешто, за некоја негова постапка, тогаш постапете така како што сте кажале дека ќе постапите.  И исто така откако ќе ја спроведете дисциплинската мерка, укажете му на детето дека ви е жал што морате да го направите тоа, кажете дека не сакате да го направете тоа, но бидејќи сакате детето да биде слично на Бога, или да  биде човек каков што и тоа би сакало да биде еден ден, тоа е причината поради која го дисциплинирате. 

И слушнете го ова никогаш не ги ударајте децата со вашата рака, или не им удирајте шлаканица по лицето, ако ги ударите поради нешто. Кога го прекинувате нивното забрането однесување со нешто, нештото што го користите за да го запрете детето е она што всушност ги допира и повредува. Па така ако го удрите детето по лицето тоа сте вие против детето, односно вие против нивната личност, но ако употребите нешто друго, некоја друга форма на дисциплина, тоа е навистина различно за разлика од тело-тело дисциплината која скоро никогаш не е мудар избор.

И секако откако ќе ги дисциплинирате вашите деца, потврдете им ја вашата љубов кон нив. Дека ги сакате, дека ги обожавате, и дека им посакувате само најдобро и дека го правите тоа само за нивно добро. Може да им кажете дека Библијата ве предупредува дека ако не ги воспитате правилно, вие ќе бидете одговорни пред Бог за тоа. Па затоа запамтете да ја проверете целта, целта на дисциплината не е нивната личност, не е тоа кои се тие, туку она што тие го прават или не го направиле.