Текстови

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ВОСПИТУВААТ ДЕЦАТА

Почитта кон родителскиот авторитет треба да биде всадена уште од најраното детство и подоцна негувано во младоста. Некои родители мислат дека тие можат на своите млади  да им дозволат свој начин на однесување во најраното детство, мислејќи дека кога тие ќе бидат повозрасни, ќе резонираат со нив, но тоа е голема грешка. Почнете уште од бебешкиот живот да ги поучувате на послушност… Барајте послушност во вашето домашно училиште.

Од нивното најрано детство децата треба да бидат воспитувани да бидат послушни на своите родители, да го почитуваат нивниот збор и да имаат стравопочит кон нивниот авторитет.

Пред разумот да биде развиен. Послушноста е една од првите лекции што детето треба да ги научи. Пред тоа да стане доволно возрасно да резонира, треба да биде научено да биде послушно.

Работата на мајката треба да почне кога детето уште е доенче. Таа треба да ја совлада волјата и темпераментот на детето и да ја доведе неговата наклонетост во покорност. Поучувајте го на послушност и како што детето расте, не се опуштајте.