ЉУБЕЗНИ ЗБОРОВИ И НАСМЕВКИ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Ја правиме ли ние истата грешка како што ја прават многу луѓе, излегуваат од дома и ја понесуваат со нив насмевката и љубезноста и додека се вратат дома како да ја изгубиле некаде и тогаш се присутни нељубезни зборови, гнев, нервоза и отуѓување од семејството.

Како христијани нам ни е должност да негувме љубезност, да имаме Христов мир во срцата, и како миротворци и Христови следбеници да го сееме драгоценото семе кое ќе произведе жетва во вечен живот. Мажот или жената кои негуваат сомнежи и недоверба создаваат кавги и раздор во семејството. Ниту еден од нив не треба да ги чува љубезните зборови и насмевки само за странци, а во домот да изразуваат раздразливост, одземајќи го така мирот и задоволството. Татковци и мајки не одавајте се на ниски мисли и вулгарни зборови. Неучтивиот разговор, невкусните шеги, недостаток на човечност во семејниот живот, остава траги на вас, и ако тие често се повторуваат, стануваат ваша втора природа. Домот е премногу свето место за да се валка со вулгарност и осудување. Има сведок кој објавува: Ги знам твоите дела. Љубовта, вистината, љубезноста и издржливоста нека бидат растенија кои ќе се одгледуваат во градината на вашето срцето.