Текстови

Моќни чувства

Библијата е полна со Списи кои зборуваат за радост и веселба. Па зошто христијаните се борат со тага, вознемиреност, страв и гнев? Зошто семејствата не се весели и смирени за сето време?

Зборови и емоции

Возрасните и децата имаат силни чувства; разликата е во тоа што децата обично имаат помалку зборови за да ги опишат нивните емоции и помала способност за справување со нив за разлика од возрасните. Децата учат за чувствата и за тоа како да се справат со нив, од нивните родители и од други возрасни. За жал, она што тие често можат да го научат го учат од лошите примери.

Христијаните понекогаш мислат дека треба да имаат само добри и позитивни чувства. Меѓутоа, Библијата содржи списи за вина, осаменост, страв, завист, гнев и разочарување, како и радост, мир и љубов.

Емоциите се генерирани од делови на човечкиот мозок наречени амигдала и хипокампус и се наменети само за да обезбедат информации. На пример, ако чувствувате вина, можеби ќе треба да побарате прошка од некого, ако се чувствувате осамени, треба да најдете друштво. Чувствата не се добри или лоши тие се само чувства.

Дејствијата базирани на овие емоции, сепак, понекогаш можат да бидат и несоодветни. Природно е за вашето дете да се чувствува фрустрирано или разочарано, кога ќе побарате од нив да си ги соберат играчките и да си ја завршат домашната работа. Не е во ред кога тие ги фрлаат играчките, зборуваат со непочитување или имаат експлозивно луто однесување.

Справување со чувствата

Вие и вашето дете можете да се справите со чувствата со достоинство, почит, чесност ако ги следите следниве предлози:

  • Идентификувајте ги и прифатете ги чувствата на вашето дете. Децата не се родени со знаење за тоа што чувствуваат; тие мораат да бидат научени. Запрашајте се, „ Што чувствува моето дете.“ Употребете конкретни чувства и зборови во разговор со вашето дете.

На пример, можете да кажете , „Ти изгледаш загрижено“ или „Ти изгледаш среќно денес!“ Запомнете дека и девојчињата и момчињата имаат исти потреби да бидат слушнати и разбрани.

  • Внимавајте на невербалната комуникација. Децата обрнуваат повеќе внимание на невербалната комуникација (тонот на гласот, изразот на лицето и телото) од тие зборови. И тие голем дел од она што го чувствуваат го изразуваат со говорот на телото. Да се биде свесен за невербалните пораки кои ги праќате е нешто што ќе ви помогне да останете поврзани со вашето дете.
  • Практицирајте емоционална искреност. Затоа што децата ја читаат емоционалната енергија и говорот на телото толку добро што обично знаат што чувствувате иако мислите дека го сокривате тоа. Полезно е да се изразат сопствените чувства.

На пример, велат: „ Јас се чувствувам фрустрирано бидејќи доцнам за на работа а вие не сте подготвени за да тргнеме. Навистина ми треба вашата помош во собирањето на вашите работи.“

  • Научете да се изладите кога вашите емоции се загреваат. Дури и луѓето кои се сакаат меѓусебно понекогаш се чувствуваат лути и незадоволни. Кога темпераментот светка, направете пауза за да се изладите. Пред се справете се со вашите чувства а потоа барајте решение. На вашето дете може да му биде потребна вашата помош во учењето како да се справи со емоциите кога е луто или фрустрирано.

Можеби нема секогаш да се согласувате со чувствата на вашето дете. Но кога слушате смирено, останувате со почитта, и зборувате со нежност и цврстина, вашето семејство ќе прерасне во „љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, вера, кроткост, самоконтрола“ (Галатјаните 5:22). Овие чувства се добредојдени во секој дом.

 

Напишано од Шерил Л. Ервин

Оваа статија е извадок од Животот на родителите

Шерил Л. Ервин е професионален терапевт за бракот и семејството во Рено, Невада, каде што живее со својот сопруг и син кој оди на колеџ. Таа е ко-автор на осум книги за родителството, вклучувајќи ја и Позитивна дисциплина во Христијански Дом. ( Прима 2002)