Мрзливоста и нејзиното лечење

Уште пред завршувањето на првата школска година детето открива дека работата не е ниту угодна ниту лесна. Затворено во училницата и така лишено од предноста цел ден да си игра слободно детето понекогаш чуствува дека е под одреден притисок. Напорот којшто е потребно да се вложи за да се одржи вниманието понекогаш ги надминува неговите природни способности, а покрај тоа детето сеуште неможе а ја разбере важноста на поуките кои ги прима. Му се чини дека било посреќно кога сеуште незнаело да чита и дека во животот би можело да се снајде и без досадната математика и географија.
Овие размислувања можат да бидат првиот знак на мрзливоста. Меѓутоа, нема никаква корист да се знае дека детето е мрзливо, ниту нашата наколнетост ќе му помогне да ја отстрани таа мана. Треба да се пронајдат причините за мрзливост!

Постојат различни карактери, како кај возрасните така и кај децата. Меѓутоа, родителите се најчесто одговорни за тоа какви ќе постанат нивните децата.

“Мојот син“ вели една мајка, “е мрзлив како бубачка, но има добро срце“. Синот своето добро срце го покажал повеќе пати, затоа е потребно тоа да се искористи како клуч за решавање на проблемот. Жалоста која што ја предизвикува кај родителите со слабите оцени, од една страна и задоволството на родителите кога ќе донесе добри оцени, од друга страна ќе биде поттик, да вложи повеќе напор и да постигне успех.

Таткото којшто ќе забележи дека неговиот син сака да ги собира пријателите околу себе и при тоа да им раскажува и наредува ќе ја искористи оваа мана и ќе ја претвори во доблест. “Ти секогаш си сакал да бидеш прв во играта“ ќе му каже таткото. “Зошто тогаш не се обидеш да бидеш најдобар во одделението?“
За други деца коишто имаат проблем со мрзливоста надежта за награда може да биде силен двигател. Во други случаи родителите можат повеќе да постигнат, предупредуваќи го детето дека ќе изгуби некоја предност која му е важна.

Не смееме да го заборавиме фактот дека одредена дисциплинска мерка ќе има влијание некое време а подоцна ќе го изгуби влијанието. Тогаш родителите мораат да бараат нови начини и подобри решенија.
И кај овој проблем, како и кај сите други, најважен е примерот којшто секојдневно го гледа детето. Пример мрзлив, млитав родител може во детето да развие склонос кон мрзливост. се случува вредни татковци да имаат мрзливи синови, но многу е почесто мрзливи родители да имаат мрзливи деца. Родителскиот пример, добар или лош, како и односот спрема работата влијае на децата. Некои родители постојано се жалат дека работата им е тешка. Дури и кога имаат причина да зборуваат за својот тежок живот мораат да бидат внимателни, бидеќи нивните зборови можат да имаат несакани последици во животот на детето. Децата можат да заклучат дека среќата се состои во неработење и мрзливост.

Борбата против мрзливоста треба да започне уште пред таа мана да се појави и да се зацврсне во карактерот. Критичен период за стекнување на мрзливост е кога детето почнува да чекори, сопнувајќи се и паѓајќи. Ако заклучи дека овие нови потфати се поврзани со неприлики и болки може да одбие да ужива во новите искустава. Со тоа наместо да развие спортски дух ќе стане кукавица без волја за напор.
Како што може да видите опасно е ако проблемот со мрзливоста се сфати несериозно или се одбере неадекватен начин на лечење. Борбата против таа мана бара многу остроумност и упорност. Ако оваа мана не се отстрани ќе се развијат уште многу други карактерни недостаејзиното лечење

Уште пред завршувањето на првата школска година детето открива дека работата не е ниту угодна ниту лесна. Затворено во училницата и така лишено од предноста цел ден да си игра слободно детето понекогаш чуствува дека е под одреден притисок. Напорот којшто е потребно да се вложи за да се одржи вниманието понекогаш ги надминува неговите природни способности, а покрај тоа детето сеуште неможе а ја разбере важноста на поуките кои ги прима.

Му се чини дека било посреќно кога сеуште незнаело да чита и дека во животот би можело да се снајде и без досадната математика и географија.

Овие размислувања можат да бидат првиот знак на мрзливоста. Меѓутоа, нема никаква корист да се знае дека детето е мрзливо, ниту нашата наколнетост ќе му помогне да ја отстарни таа мана. Треба да се пронајдат причините за мрзливост!

Постојат различни карактери, како кај возрасните така и кај децата. Меѓутоа, родителите се најчесто одговорни за тоа какви ќе постанат нивните децата.

“Мојот син“ вели една мајка, “е мрзлив како бубачка, но има добро срце“. Синот своето добро срце го покажал повеќе пати, затоа е потребно тоа да се искористи како клуч за решавање на проблемот. Жалоста која што ја предизвикува кај родителите со слабите оцени, од една страна и задоволството на родителите кога ќе донесе добри оцени, од друга страна ќе биде поттик, да вложи повеќе напор и да постигне успех.

Таткото којшто ќе забележи дека неговиот син сака да ги собира пријателите околу себе и при тоа да им раскажува и наредува ќе ја искористи оваа мана и ќе ја претвори во доблест. “Ти секогаш си сакал да бидеш прв во играта“ ќе му каже таткото. “Зошто тогаш не се обидеш да бидеш најдобар во одделението?“

За други деца коишто имаат проблем со мрзливоста надежта за награда може да биде силен двигател. Во други случаи родителите можат повеќе да постигнат, предупредуваќи го детето дека ќе изгуби некоја предност која му е важна.

Не смееме да го заборавиме фактот дека одредена дисциплинска мерка ќе има влијание некое време а подоцна ќе го изгуби влијанието. Тогаш родителите мораат да бараат нови начини и подобри решенија.

И кај овој проблем, како и кај сите други, најважен е примерот којшто секојдневно го гледа детето. Пример мрзлив, млитав родител може во детето да развие склонос кон мрзливост. се случува вредни татковци да имаат мрзливи синови, но многу е почесто мрзливи родители да имаат мрзливи деца. Родителскиот пример, добар или лош, како и односот спрема работата влијае на децата. Некои родители постојано се жалат дека работата им е тешка. Дури и кога имаат причина да зборуваат за својот тежок живот мораат да бидат внимателни, бидеќи нивните зборови можат да имаат несакани последици во животот на детето. Децата можат да заклучат дека среќата се состои во неработење и мрзливост.

Борбата против мрзливоста треба да започне уште пред таа мана да се појави и да се зацврсне во карактерот. Критичен период за стекнување на мрзливост е кога детето почнува да чекори, сопнувајќи се и паѓајќи. Ако заклучи дека овие нови потфати се поврзани со неприлики и болки може да одбие да ужива во новите искустава. Со тоа наместо да развие спортски дух ќе стане кукавица без волја за напор.

Како што може да видите опасно е ако проблемот со мрзливоста се сфати несериозно или се одбере неадекватен начин на лечење. Борбата против таа мана бара многу остроумност и упорност. Ако оваа мана не се отстрани ќе се развијат уште многу други карактерни недостатоци.