Секоја жена која треба да стане мајка, без оглед на нејзиното опкружување, треба да поттикнува среќна, радосна, задоволна душевна сосотојба. Мајчинските мисли и чувства имаат влијание на наследните особини на детето. Ако мајката е воздржана, умерена, љубезна, смирена, таа може да ги пренесе тие црти и на детето.
Апетитот на мајката за време на бременоста може да е променлив, и тешко може да му се угоди, а обичаите допуштаат да добие се што ќе посака, без да размисли дали таа храна ќе му овозможи добар развој на детето.
Болесни деца се раѓаат затоа што родителите попуштаат на апетитот. Некои ќе ги советуваат мајките, заради своето потомство, да не се воздржуваат од било каква желба за храна. Бебето може да биде повредено со погрешната исхрана на мајката, зошто нероденото дете се храни преку нечистата крв на мајката.
Човештвото страда под теретот на гревовите од претходните генерации. Мајките и татковците со своите штетни навики им оставаат на идните генерации; болест, ослабен разум и лоши навики. Како децата добиваат се помала сила да ги победат искушенијата, така секоја идна генерација се повеќе пропаѓа. Гревовите на родителите ќе се покаже на нивните деца, затоа што им оставиле печат на своите страсти, наклоности и пороци. Тоа што родителите се сега, во голема мерка ќе бидат и нивните деца.
Сите родители ќе одговараат пред Бога за своите деца.
Забележан е случајот на девојчето кое кога се родило плачело секојпат кога ќе го слушнело гласот на татко и. Кога тој не зборувал таа не плачела, но штом пак проговори таа почнувала да плаче. Родителите признале дека во текот на бременоста често се карале а мажот многу викал. Девојчето уште во мајчината утроба го примила во срце стравот од гласот на својот татко поради неговото викање.
Во друг случај е откриено алкохол во крвта на роденото бебе, затоа што мајката пиела. Вакви случаи има многу. Употреба на разни пороци поради себичноста на родителите и нивните желби, остава последица врз нивното поколение.
Среќни се оние родители кои му оставаат на детето добри работи; здрави телесни и духовни црти во наследество. Она што ќе му користи на детето да напредува, здрава основа на која ќе расте и се изградува како Божјо дете.