Родителите треба да внимаваат во развојот на својот родителски однос уште по самото раѓање на детето.
Мајката која го дои своето дете треба да ја задржи својата среќна состојба. Карактерот на детето е и помалку или повеќе под влијание на исхраната која ја прима од мајката. Затоа е важно мајката, додека го дои своето бебе, да има среќна состојба на умот, имајќи совршена контрола над сопствениот дух.
Правејќи така, не и штети на детската храна, а мирниот курс на однесување со кој постапува мајката кон своето дете значи многу и во обликувањето на умот на бебето.
Ако е бебето нервозно или малку вознемирено, мајчинските внимателни постапки ќе имаат смирувачко и правилно влијание, а здравјето на детето значително ќе се подобри.
Мајката треба да настојува да биде прибрана. Што е помирен и поедноставен животот на детето, неговиот физички и психички развој ќе биде поуспешен. Во секој момент мајката треба да тежнее кон тишина, мир и прибраност. Малите деца сакаат друштво. Тие воопшто не можат сами да се забавуваат, и мајката чувствува дека децата во куќата се најмногу на она место каде што е таа. Тогаш може да ги надгледува и да ги исправува ситните несогласувања кога тоа е неопходно, да ги поправа лошите навики или некое покажување на себичност, и им ги насочува умовите на вистинскиот пат. Децата се радуваат додека мислат дека нивната мајка е задоволна со нив и дека можат да и угодат, и сакаат да ја прашаат за совет во своите мали двоумења.
Мајката не треба да го ранува нивното срце и рамнодушно да се однесува кон нивните проблеми или да ги одбие не вознемирувајќи се за такви мали работи. Она што е мало за мајката, за нив е големо.
Зборови на насочување, или предупредување, во вистинско време често ќе се покажат од голема вредност. Погледи на одобрување, зборови на охрабрување и молитви од мајката, ќе внесат светлост во нивните млади срца за цел ден. Постапувајте благо со своите малечки. Гледајте на нив како света обврска, не попуштајќи им премногу, разгалувајќи ги или правејќи ги идоли, туку учете ги да живеат чист, племенит живот.
Децата се Божја сопственост, Тој ги сака и ве повикува вас да соработувате со Него како би им помогнале да изградат совршени карактери.
Елена Г.Вајт – Ум, карактер и личност