Празниците се идеална можност родителите и децата да разговараат за се што не стигнале да зборуваат поради секојдневните обврски. Семејните собири се повеќе од празнични обичаи бидејќи се идеален начин за зацврстување на семејната заедница. Токму на овие средби родителите можат да ги слушнат своите деца и целосно да им се посветат.
Во семејствата кои се засноваат врз добри односи и искрена комуникација, семејните средби имаат терапевтска и образовна функција. Терапевтите често ги советуваат семејствата кои имаат проблеми што почесто да организираат средби, бидејќи тие им даваат на секое семејство посебни обележја, кои се неопходни за секоја заедница.
Семејните собири ја јакнат семејната заедница, децата стануваат свесни дека семејството им е сигурна основа, во која се чуствуваат безбедно и во која ги истражуваат и ги решаваат своите проблеми. Со разговор со родителите децата ги задоволуваат своите потреби. Токму во тоа се крие терапевтската функција на семејството. Важно е родителите овој ритуал на семејно собирање да го воспостават од раѓањето на децата, бидејќи тие така ќе сфатат дека родителите им се секогаш достапни, дека им се најголемата подршка и дека токму тие ќе ги штитат секогаш.
Традиционалните празници не мора да бидат единствениот момент кога треба да се соберат сите членови на семејството. Важно е семејството секој ден да има некои свои мали обичаи. Ова повеќекратно значење семејните собири го имаат кога во семејството владее хармоничен однос, кога родителите се почитуваат помеѓу себе и кога таквите правилни норми им ги пренесуваат на децата.
Ако атмосферата во семејството е добра, тогаш за никого од семејството собирот нема да преставува формална обврска. Сите ќе се радуваат на тој ден бидејќи сите се расположени, а тоа е многу важно за децата.