Текстови

ВЛИЈАНИЈА НА НАШИТЕ НАЈМЛАДИ

Лошото влијание околу нашите деца доминира. Тоа ги расипува нивните умови и ги води кон пропаст. Младите по природа се стремат кон лекомислени нешта, а во рана возраст, пред нивните карактери да се оформени и размислувањата да станат зрели, често бираат пријатели кои подоцна им влијаат штетно. О ако можеше мојот глас да достигне до сите родители би ги предупредил да не дозволуваат на своите деца да бираат сами друштва или пријатели!

Малку татковци и мајки сфаќаат дека младите се посклони да ги примат штетните влијанија на светот отколку Божјите вистини. Поради тоа треба да имаат пријатели кои ќе го подпомагаат нивното растење во благодата и вистината откриена во Божјото слово и утврдена во срцето. Нека младите се развиват и оформат во благопријатна средина, зашто другарите со кои комуницират, принципите кој што ги прифаќаат, и навиките кои ги формираат, со непогрешлива сигурност ја одредуваат како нивната корист сега, така и нивната иднина и вечните интереси.

Опасност од неограничена слобода. Родители, вашите синови и ќерки не се правилно заштитени. Никогаш не треба да им се дозволува да излегуваат и да се враќат дома кога тие ќе посакат, без ваше одобрување и согласност. Неограничената слобода на децата во овој век предизвикува погибел на илјадници млади луѓе. На многумина се дозволува да остануваат по улиците до касно во ноќта и родителите не се заинтересирани за средината во која тие се движат. Многу често се бираат пријатели и друштва чие влијание води до опаѓање на моралот. Под плаштот на ноќта младите се собираат на групи и се учат да пушат, да пијат алхохол да се дрогират и уште какви ли други нешта. .