ВРЕДНОСТИ КОИ ГО КРАСАТ СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ

Учтивоста започнува во домот. Ако сакаме нашите деца да бидат љубезни, учтиви и да покажуваат љубов, ние мораме да дадеме пример за тоа.

Во односот кој постои помеѓу родителите и во ситниците треба да се покаже учтивоста. Сестраната љубезност треба да биде закон за домот. Не зборувајте со груб јазик, не изговарајте ниту еден лош збор.

Сите можат да имат радосно лице, љубезен глас, човечко однесување, а сето тоа влијае на нив. Децата ги привлекува ведрото и весело однесување. Бидете кон нив љубезни и човечни и тие исто така ќе се однесуваат кон вас и едни кон други.

Вашата учтивост и самосовладување ќе влијае на карактерот на вашите деца повеќе отколку да им зборувате за тоа.