Текстови

Дишење

За да имаме добра крв ние мораме правилно да дишеме. Длабокото вдишување на чист воздух кое ги исполнува белите дробови со кислород ја прочистува крвта. Тоа и дава на крвта светла боја и како животворна река ја испраќа до сите делови на телото. Доброто дишење ги смирува нервите, го стимулира апетитот, го потпомага варењето и дава здрав, окрепнувачки сон.

На белите дробови треба да им се овозможи најголемата можна слобода. Слободната активност го развива нивниот капацитет кој се намалува доколку се притиснати или стегнати. Вообичаеното седење во наведната положба е мошне штетно. Во таква положба е невозможно да се дише длабоко. Наскоро, плиткото дишење станува навика и белите дробови ја губат својата способност да се шират. Сличен ефект се предизвикува и со силното стегање на градите. На долниот дел од градите не им се остава доволен простор, абдоминалните мускули кои се дизајнирани да помагаат при дишењето не ја извршуваат во потполност својата задача и белите дробови се ограничени во своето делување.

На тој начин не добиваме доволно кислород. Крвта тече низ вените забавено. Се задржуваат отпадните, отровно материи, кои требале да бидат исфрлени при издишувањето, а крвта станува нечиста. Со ова не се погодени само белите дробви, туку и стомакот, црниот дроб и мозокот. Кожата станува жолтеникава, варењето забавено, срцето ослабнува, мозокот е замрачен, мислите збркани, духот го обземаат тага и раздразливост, целиот организам е под притисок и неактивен и особено подложен на болести.

Белите дробови постојано исфрлаат нечистотии и треба да имаат постојан дотур на свеж воздух. Нечистиот воздух не го обезбедува потребното количество кислород и крвта поминува непрочистена низ мозокот и другите органи. Затоа е неопходно добро проветрување. Животот во затворени, лошо проветрени простории, во кои воздухот е истрошен и загушен го ослабнува целиот организам. Тој станува особено чувствителен на студ и се разболува при најмало изложување. Многу жени се бледи и слаби токму поради постојаниот престој во затворени простории. Тие повторно и повторно го вдишуваат истиот воздух се додека тој не стане полн со отровни честички исфрлени преку белите дробови и порите на кожата и нечистотијата се враќа во крвта.