Во вашиот дом постои нешто што несвесно ве воведува во состојба на хипнотички транс. Тоа е најпопуларниот уред – телевизорот. Класичниот начин на гледање ТВ е сличен на начинот кој предизвикува хипноза : затемнета соба, светло кое трепка (телевизор), концентрација на една работа и ослободени од надворешни пречки.
Луѓето гледаат програм што го нудат ТВ станиците;вести , музика, спорт, филмови, сето тоа оди бескрајно, делувајќи врз гледачот. Просечниот телевизиски програм ги менува своите сцени секои 3 – 5 секунди. Погледот врз некој настан се менува ненадејно повеќе пати без да сакаме. Ова е во спротивност со начинот на кој ние го посматраме светот околу нас.
Др. Thomas Mulholland, го следел EEG кај децата додека ги гледале своите омилени ТВ програми. Истражувачите претпоставиле дека децата ќе бидат ментално вклучени во она што гледаат и ќе доживеат осцилации помеѓу алфа и бета активностите на мозочните таласи. Наместо тоа, после само 2 – 3 минути тие се опуштиле и останале целосно во алфа образецот. Тоа значело дека тие додека гледале, не реагирале, биле без ориентација и не се концентрирале – набљудувале отсутно.
Др.Erik Peper, угледен истражувач на мозочните таласи и писател, еднаш кажал: “Ужасот на телевизијата е тоа што информациите влегуваат, но ние не реагираме на нив. Тие влегуваат директно во нашата меморија и можеби ќе реагираме на неа покасно, но не знаеме на што реагираме. Кога гледате ТВ, се тренирате самите да не реагирате ни покасно, да правите работи без да знаете зошто ги правите и од каде доаѓаат тие”.
Под влијание на современата телевизија мозокот не функционира со потполн капацитет. Можат да се прикажуваат ужасни сцени, но гледачот тежнее само да се смее или да ги крева рамениците гледајќи ги. ( додека во реалниот живот ако би се случиле тој би бил запрепастен ). Без оглед како реагира – дали се смее, негодува, или не реагира воопшто, овие сцени се силно врежани во неговиот ум.
Авторот на бестселерот ( Future Shock ) – Alvin Tofler, го опишал ефектот на вештачката стимулација како производ на ТВ : “Константната стимулација на сетилата го гаси аналитичкиот процес на умот и на крајот ја гаси способноста за размислување и рационално соочување со животот”.
За овој проблем се објавени илјадници научни истражувања и напишани преку 500 книги. Ова е еден од најистражуваните проблеми во нашата култура, но сепак поголемиот дел од луѓето се малку свесни за тоа…