ИМУНИЗАЦИЈА СО ВАКЦИНИРАЊЕ?!

Постојат повеќе проблеми поврзани околу ова прашање. Иако ние сега подобро ги разбираме вакцините, постои потреба за подобро разбирање на позадината која довела до овој спор.

Како започнало вакцинирањето?

Во Глочестершир, Англија, селскиот лекар Едвард Џенер, пробал да зарази луѓе со кравји сипаници во надеж дека тоа ќе им пружи имунитет против големите сипаници. Џенер во 1796 го заразил осумгодишниот Џејмс Фипс против кравји сипаници. Два месеца потоа, Џенер го заразил младиот Џејмс со големите сипаници. Детето не добило болест. Останатото е историја.

Џенер го нарекол процесот – вакцинација ( од „vaccinia” латинско име за кравји сипаници. Вакцинирањето се раширило по цела Европа.

Во 1885 год. Луј Пастер ја испробал својата вакцина против беснило на деветгодишното момче Џозеф Мајстер, кој бил гризнат од побеснето куче. Детето преживеало, а останатото е историја.

Меѓутоа во оваа историја има нешто повеќе од тоа што се наведува.

Џејмс Фипс, кој првобитно е вакциниран од Џенер во 1796, ревакциниран е 20 пати и умрел во дваесеттата година од својот живот. Џенеровиот син кој исто така бил вакциниран неколку пати, умрел во 21 год. Двата смртни случаи се предизвикани од туберкулоза, состојба кои некои истражувачи ја поврзале со вакцината против сипаници.

Пастер го вакцинирал Џозеф Мајстер и момчето преживеало. Но во истиот ден неколку други луѓе, вклучувајќи го и сопственикот на кучето, биле гризнати – и сите останале живи. Другите деца немале толку среќа. Метју Видау умрел по вакцината која му ја дал Пастер. Исто така и момчето Луј Палетје, кое починало по Пастеровиот третман.

Медицинските списанија се полни со вакви случаи.

Целта на вакцинирањето е да се наведе телото да произведе антитела кои извесно време ќе му обезбедат имунитет на телото од одредена болест. Британскиот медицински совет 1949 – 1950 год. спровел истражување за да утврдат во која мерка анти – дифтеријските антитела, произведени по вакцинирањето, помагаат во отпорноста кон дифтеријата. Во својот извештај од 1950, тие откриле дека присуството на антитела не било од никаква корист во отпорот кон дифтеријата. Некои луѓе кои имале висок број на антитела, добиле болест, додека пак други со мал број антитела биле повеќе отпорни.

­ Имунизација како таква не постои, но ние ја продаваме под името ´имунизација´. Кога би можеле на било кој начин да ја подобриме природната отпорност кон болести на вештачки начин, јас тоа би го поздравил – но тоа е неизводливо. Телото има сопствени методи на одбрана, кои зависат од виталноста на телото во тоа време, Ако не е доволно витално, тогаш ни вие нема да ја промените неговата виталност со внесување на било каков отров во него. – William Howard Hay, M.D.

­ Тоа што ќе му дадете некому вакцина не значи ништо, иако добие реакција во вид на антитела. Единствени вистински антитела, се оние кои ги добиваме природно. Она што ние го работиме (при ставање вакцина) е пореметување на осетливиот механизам кој ја врши својата работа. Ако вакцинирате некого и се обидете да поттикнете нешто за што се грижи телото, барате низа на проблеми, а ние не веруваме дека тоа делува. – Dr.Glen Dettman

Дури и светската здравствена организација признава дека најдобра вакцина против општите инфективни болести е соодветната исхрана.

Но изгледа дека од промовирање на соодветна исхрана фармацевтските компании немаат никаков профит !

Извадоци од „The Vaccination Crisis” by Vence Ferrel