Дали вашиот омилен пијалак навистина ве освежува?

„Аман докторе, немој само да ми го скратуваш кафето„ – често велат пациентите. Што е она што го прави кафето толку популарно и ден-денес. Кафето се добива од растението Coffea arabica L. a по потекло е од етиопската покраина Кафе.

Дрвото е зимзелено со црвени, зелени или со бели плодови што личат на вишна од чии семки по пржењето и мелењето се добива она што го викаме пијалак за „Освежување„ кафе.

Карактеристичниот мирис се добива со пржење кога доаѓа до промена на некој нејзини состојки и развивање на некои ароматични материи како што е кофеинот.

Кафето почнало да се пие во 9 век п.н.е. а во Европа е донесено дури во 17 век за денес да стане масовна и секојдневна неговата употреба. Најважната состојка на кафето е кофеинот кој во филџан кафе го има од 0,15 до 0,2 грама. Токсичноста на кофеинот се јавува по 0,5 грама а смртната доза е 10 грама.

Кофеинот е по хемиски состав алкалоид од групата метилксантини заедно со теофилинот (го има во чајот) и теоброминот (го има во какаото). Кофеинот е растворлив во масти и се ресорбира брзо дури и за 15 минути а дејствува 4 часа.

КОИ СЕ НЕГОВИТЕ ЕФЕКТИ

МОЗОК -Она за што најмногу се користи е неговото стимулативно дејство врз мозокот, посебно на кората на големиот мозок и на ретикуларната супстанција на која и врши активација (одговорна за менувањето на будност и сон).

Така интелектуалната работа се подобрува а заморот и сонливоста се намалуваат. Она што ги храбри луѓето да продолжат да го пијат е отстранувањето на заморот. Но заморот за здравите луѓе е пожелна нормална појава која покажува дека животните сили се потрошени и дека е потребен одмор, додека кафето за да го отстрани заморот троши резервна енергија која добро би дошла во некоја незгода (стрес или болест). Многу често се случува по дозата кафе да следуваат крајна мозочна и телесна исцрпеност придружени со депресија, несоница, нервоза или со раздразливост.

ЗАВИСНОСТ – Научниците не исклучуваат кај преобилните консуматори појава и на зависност од кафе. Како и сите супстанции што предизвикуваат зависност и од кафето се јавува психичка зависност, односно потреба да се зема постојано за да се постигне ефект. Можна е појава на физичка зависност односно се јавуваат симптоми кога не се зема. Можен е развој на толеранција односно потреба да се зема поголема доза секој пат за да се постигне истиот ефект а можен е развој и на апстиненцијален синдром кога ќе се отстрани од употреба со тегоби како: нервни тешкотии. главоболка, болки во екстремитетите, тресење, јадеж, вртоглавица.

СРЦЕ И КРВНИ САДОВИ – Кофеинот дејствува и на срцето. Во почетокот преку парасимпатичниот нервен систем – вагус го забавува срцето а потоа дејствува директно врз срцевиот мускул и доведува до појава на енергична контракција и непријатно биење на срцето и појава на аритмии. Зголемена е инциденцата за појава на срцев удар кај луѓето кои консумираат 1-5 филџани кафе дневно и до 60% а кај оние со над 6 филџани дневно и до 120%. Кофеинот дејствува и на крвните садови. Вазоконстрикторно на оние во мозокот со што и се покачува крвниот притисок па личноста со низок притисок веднаш се чувствува подобро, но потоа дејствува на мускулите на крвните садови да се разлабават па настанува паѓање на крвниот притисок. Тоа е мошне штетно за срцето затоа што проширените крвни садови имаат потреба за повеќе кислород што може да е причина за pectoris (градна болка).

МУСКУЛИ – На мускулите влијае стимулативно подобрувајќи ја контракцијата но ја отежнува релаксацијата. Во тестовите за возачи се забележани подобрување на рефлексите но повеќе грешки. Долгата изометриска контракција на респираторните мускули може да го отежне дишењето поради појавата на замор.

ЖЕЛУДНИК И МЕТАБОЛИЗАМ – Дејствува и на желудникот подобрувајќи го лачењето на хлороводородната киселина а намалувајќи го лачењето на пепсинот (заштитна супстанција) по што се јавува жигодина. Оние со чир на желудникот добро го знаат тоа, особено ако се напијат кафе на гладно. Се смета дека почнува масовно да се зголемува бројот на младите што боледуваат од чир на желудникот откако почна трендот на консумирање на пијалаци како кока-кола, пепси итн. Кофеинот дејствува и на метаболизмот на шеќери и масти. Може да ја влоши шеќерната болест (и кај оние што пијат кафе без шеќер) поради стимулативното дејство и зголеменото лачење шеќери. Исто така, го зголемува лачењето холестерол во крвта и масните киселини и може да ја влоши артериосклерозата.

ПЛОДНОСТ – Во американската држава Јута во која живеат мормони и адвентисти има најмалку недоносени новороденчиња затоа што овие луѓе не пијат алкохол, цигари ниту кафе а во Илиноис каде пијат и по 7 филџани дневно многу честа е појавата на стерилитет.

МУТАЦИИ И РАК – Одамна научниците поврзуваатдека кофеинот дејствува на нарушувањето на структурата на клетката и ја спречува нејзината репарација. Експериментите на винската мушичка потврдиле дека кофеинот може да предизвика и мутациски промени. Многу е непријатно сознанието дека една толку секојдневна навика може да ни ја намали отпорноста на болестите, да ги намали психичките способности и да го ослаби нашето тело. Но тоа не е се.

Кафето се обвинува според најновите истражувања и како еден од предизвикувачите на рак на панкреасот но и на другите органи како дојката, мочниот меур итн. Сепак, фрапантна е бројката на луѓето кои умираат од рак на панкреасот затоа што е болест која многу тешко се дијагностицира и уште потешко се лекува па важи за болест со многу висока смртност. Група истражувачи од Харвард потврдија дека е иста бројката и на припадниците од машкиот и од и од женскиот пол затоа што сите консумираат кафе подеднакво.

Но кофеинот не е само во кафето, туку го имас и во чајот и пијалаците, разни пудинзи и кремови, слатките како и во лековите кои во изобилство го содржат кофеинот. Ако сте верен обожзвател еве неколку совети како да се откажете од вашиот омилен пијалак:

1.Појадокот нека ви биде обилен за да имате доволно енергија

2.Бидејќи вашите нерви ќе реагираат ако го изоставите кафето ќе ви бидат потребни доволно витамини посебно витамин Ц.

3.Изоставете ги слатките а земајте овошје, зеленчук и житарки.

4.Ако ви е неопходно потребно земете го пиењето кафе со пиење на разни житарки и шаеви од растително потекло (наут, цикорија). Многу е подобро чаша вода пред јадење отколку време на оброкот.

5.Пијте најмалку 6 чаши вода дневно.

6.Престанете со пушењето. Кафето и цигарите се во тесна врска кај повеќето луѓе па едното го повлекува другото.

7.Наместо пауза за кафе имајте брза прошетка со длабоко душење. Тоа е една од најблагодатните навики кои можете да ги стекнете.

8.Одморајте се често, редовно спијте и секој ден капете се со топла вода.

Ако ги следите овие упатства ќе се почувствувате многу подобро и поенергично од времето кога користевте кафе, пијалаци или храна со кофеин. Овие навики ќе ви ги подобрат работните способности и вашиот живот ќе добие природен тек.

 

Подготвила

Д-р. Анѓела Димовиќ