Храната радикално влијае на состојбата на нашиот организам. Правилната исхрана може де не направи попривлечни на тој начин што ќе ја зголеми цврстината и сјајот на кожата на лицето и на ткивото воопшто. Еве неколку знаци на здрава исхрана:
–КОЖА– Многу жени се обидуваат да го решат проблемот со сувата или мрсна кожа со користење на надворешни производи, при тоа не водејќи грижа за клетките на кожата кои исто како и сите други се создаваат од состојките кои ги внесуваме во организмот. Oбилната употреба на овошје и зеленчук во исхраната го збогатува нашиот организам со витамините А и Ц. Исклучувањето на богатите јадења од нашата листа на храна, воздржувањето од алкохолни пијалоци, намалената употрба на масти може да биде сосема доволно да и ја врати еластичноста и свежината на нашата измачена кожа. Да не заборавиме: урамнотежената исхрана е најдобар препарат за убавина.
–КОСА И НОКТИ– Косата и ноктите се ткиво на нашиот организам. Неправилната исхрана доведува до кршлливи нокти со бели точки, сува коса без сјај. Некои кожни инфекции, себореја и првут, понекогаш се предизвикани од неправилна исхрана. За да имаме убава, сјајна коса и цврсти правилни нокти, потребна ни е исхрана богата со витамини и минерали (олиго елементи) кои пред се ги наоѓаме во овошјето и зеленчукот. Железото и силициумот се два минерала кои посебно влијаат на цврстината на ноктите.
–OЧИ– Квалитетот на исхраната на некоја личност посебно се забалежува во погледот. Бистри, сјајни очи, без црвенило и отоци се показател на добра, правилна исхрана. Некои недостатоци на витамини можат да се забележат по очите (А и Б2): Губење на острината на видот при смалена светлост, трепките се сушат и опаѓаат, очите стануваат црвени. Обоениот зеленчук (пиперките, морковот, доматите) се добар извор на витамин А, познат по името каротин (провитамин)
–НАСМЕВКА– Насмевката е знак на здравиот начин на исхрана.Таа е важен дел на телесната убавина. Но насмевката не може да биде привлечна ако не открива здрави заби. Три фактори влијаат на здравјето и правилноста на забите: редовната контрола кај заболекарот, хигиената и исхраната која одговара. Намирниците богати со калциум (суво овошје, млеко) се неопходни за здрави заби. Благото и пијалокот со многу шеќер се најголеми непријатели на забите затоа што предизвикуваат стварање на кариес.
–ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА– Нормалната тежина е неопходна за убавината на телото и е знак на правилната исхрана и на доброто здравје. За да одржите нормална тежина, мора да употребувате храна од растително потекло: овошје, зеленчук и житарици.Тешко е да се пронајде дебел вегетеријанец. Претераната употреба на масти,посебно од животинско потекло, е една од најголемите причини за дебелина.