Најтешко е да се почне. Од почеток таа работа бара многу напор и целиот организам се напрега, но по неколку дена се покажуваат резултати. “Навистина сум радосна што почнав да трчам, ја намалив тежината, добро сум расположена и задоволна со себе… Покрај тоа, заморот што го создаваа моите обврски што ги имам како мајка исчезнува едноставно затоа што применувам вежби.“ Тоа е живо сведоштво на Мери, мајка на две школски деца, сметководител во графичко претпријатие.
Како многу мажи и жени, Мери на работа седи. Домашните работи, во кој главно сопругот и помага, не се доволни да го надоместат недостигот од вежбање. Таа веќе чула за благотворното дејство на физичките вежби врз здравјето и стресот, но била доста мрзлива, иако во себе гласно си повторувала: ”Треба да се занимавам со спорт…одам да трчам!”
Годините поминувале, но еден ден станала од својата фотелја и почнала да трча 4,5 km секој ден. Нејзиниот живот почнал да се менува на подобро во многу области.
Денес таа ужива во благодатите на својата добра форма што и помага не само да има идеално физичко здравје за своите години, туку станала дисциплинирана во определни животни барања. Почнала да ги контролира својте навики, поретко да се кара со сопругот и со децата, во добри односи е со сите и речиси секогаш добро расположена. Некои едноставни решенија често носат одговор на значајните здравствени проблеми како на физичките, така и на менталните, особено ако овие решенија се практикуваат секојдневно и на време.
План за антистресни вежби
Одделете точно време секој ден (пред или после работата). Тоа време сметајте го како „светиња“, што значи дека не е одредено за никакви активности во седење.
Одберете активност која навистина ви одговара; нека биде во согласност со вашите можности (атлетика, тенис, велосипедизам, пливање, голф или едноставно одење).
Побарајте пријатели, зошто спортот што сами сте го одбрале бргу станува непривлечен. Бидете ентузијаст, мислета на забавниот вид и на сета физичка и психолошка полза што ке ја добиете од тоа. Почнете скромно. Постојано зголемувајте го квалитетот и интензитетот на вежбата. Бидете свесни за своите можности. За да го видите својот напредок, тоа не треба да ви стане опсесија. Во рок од неколку дена ке забележите антистресни резултати.
Позитивното влијание на физичките вежби
Една умерена, а редовна физичка вежба носи многукратна корист, намалувајќи го дејството на стресот.
ОРГАНСКИ ВЛИЈАНИЈА
*ја зголемува ефикасноста на срцето,
*го одржува крвотокот и го подобрува протокот на крвта
*го намалува нивото на холестеролот,
*го стимулира производството на ендорфин кој го подобрува општото добро расположение,
*ги олабавува мускулите,
*ја одржува еластичноста на зглобовите,го троши вишокот на акумулирана енергија, со што го помага одржувањето на идеалната тежина ,
*го подобрува снабдувањето на сите клетки во организмот со кислород,
*помага при регулацијата на високиот крвен притисок,
*го подобрува одморот,
*го нормализира потењето и го подобрува излачувањето на отровите,
*ја подобрува работата на мозокот, ги зголемува менталните способности и бистрината,
*создава коректна слика за себе,
*ја подобрува позитивната состојба на духот,
*го подобрува доброто расположение.