Текстови

КОНДОМИТЕ НЕ ФУНКЦИОНИРААТ

Владината истражувачка агенција, Националниот Здравствен Институт, дала 1 милион долари на организацијата UCLA за да го истражи спречувањето на пренос на сидата од еден хомосексуалец на друг.

Los Angeles Times соопштува дека еден истражувач од НЗИ имал храброст да ја сопре оваа студија и објавил дека ова истражување нема да го работи UCLA. Причината е што владините пробни испитувања покажале дека кондомите се толку несигурни да ако продолжи со истражувањето, многу хомосексуалци ќе заболат од сида во текот на ова истражување.

Владината управа за храна и лекови (FDA) неодамна изработила истражување кое е наречено „ Ефикасност на заштита со кондомите од вирусот на сида во услови на вештачка симулација”. Различни видови на кондомите се тестирани. Истражувачите ставиле кондом на вештачки пенис, а потоа го мереле пропуштањето на честички со големина на вирусот на сида. Можете ли да поверувате на ова ?

Нивната симулација е секс без движење !

Резултати : 30 % од кондомите го пропуштиле вирусот на сида – ако не се движите. Колкав е процентот ако се движите ?

Имаат дупки : кондомите имаат микроскопски дупки и кога се нови –пред употреба. Дупките се широки 5 микрона ( микрометри) во пречник. Вирусот на сида е 0,1 микрон. Тој може лесно да влезе низ малите дупки кои се невидливи со голо око. Во истражувањето издадено од Центарот за контрола на болести стои : 12 % од кондомите направени во Америка имаат дупки, и 21 % од кондомите направени во другите земји имаат неприфатлива стапка на пропуштање.

БРЕМЕНОСТ : Девојките или жените кои користат кондом за спречување на бременост, остануваат бремени во 14 % од случаите. Жените во Америка имаат околу 3 милиони непланирани зачнувања секоја година, од кои половината абортираат.

ОШТЕТУВАЊА : На пакувањето од кондомите стои информација дека кондомите не смеат да се чуваат на високи температури (поголеми од 38°C). За време на транспортот студените или жешките температури имаат влијание врз нив и ги прават неефикасни.

РЕШЕНИЕ : Има некои кои велат„ Мораме да им дадеме кондоми. И така тие ќе имаат односи, барем да имаат некоја заштита !

Но дали ќе ја примениме оваа филозофија и во случај на дрогата: Младите секако ќе земат дрога, затоа да им дадеме полесна дрога во школите за да не бидат во искушение да пробаат хероин.

Сидата е смртоносна болест.

Решение – воздржување или полови односи во брак со здрава личност. (Condoms don’t work) Lorraine Day

Морален предизвик :

И да се покаже функционалноста на кондомите, тие не би требале да бидат оправдување за телесниот неморал кај луѓето. Посебно младите, треба да се воспитуваат да не се поведуваат по телесните страсти, туку да имаат повозвишена цел во своите животи изградувајќи се во зрели духовни личности.