Текстови

НАШЕТО ТЕЛО БОЖЈИ ХРАМ

Бог го создал човекот со добро здравје. Никогаш не била Божја намера човекот да биде болен, да страда и на крај да умре. Болеста, страдањата и смртта се последица на отфрлувањето на Божјиот авторитет од страна на човекот. Но Бог не го оставил човекот во безнадежна состојба. Во Исуса Христа Тој ни нуди лек против смртта. ;Зашто Бог толку го возљуби светот, Што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен„ (Јован 3,16). Христос умрел наместо нас и, ако го примиме како наш Спасител, Тој ќе не ослободи од втората – од вечната смрт.

Бог сака да бидеме здрави за да можеме подобро да ну служиме Нему, на нашето семејство и на нашите ближни. Затоа во својата реч ни дал здраствени начела кои, ако ги почитуваме, ќе ни донесат добро здравје, среќа и долг живот.

ШТО УЧИ СВЕТОТО ПИСМО ЗА НАШЕТО ТЕЛО

 

1. Зошто треба да го чуваме здравјето на телото?

„ Скапо сте купени. Затоа прославете го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји„ (1.Кор.6,20).

Бидејќи Бог во Исуса Христа не откупил од вечната смрт, наша должност е да сториме се што е во наша моќ да го сочуваме нашето тело во најдобра можна состојба за да можеме подобро да го прославиме Бога со нашата служба.

2. Што сака Бог да биде нашето тело?

„ Или незнаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе си„ (1.Кор. 6,19; Рим. 12,1).

3. Што ќе стори Бог со оние што го сквернават својот храм?

„ Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие„ (1.Кор.3,17).

ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ЗДРАВЈЕТО

Воопшто малку внимание му се посветува на прашањето на здравјето. Луѓето повеќе проучуваат разни болести отколку прашањето како да го сочуваат здравјето. Подобро е болеста да се спречи отколку да се лекува. Затоа овде ќе изнесеме неколку основни принципи што ќе ни помогнат подобро да го разбереме прашањето на здравјето и начинот како да го сочуваме.

Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, физичките вежби, здравата исхрана, правилната употреба на водата, доверба во божествената моќ – тоа се вистински лекови.

1. Чистиот воздух и сончевата светлина.

Нашиот организам повеќе зависи од воздухот што го вдишуваме отколку од храната. Воздухот е бесплатен небесен дар. За да имаме добра крв, треба правилно да дишеме. Треба да дишеме длабоко и да вдишуваме чист воздух. Нашиот стан треба често да го проветруваме за секогаш да имаме доволно количество на свеж воздух. Исто така секој ден треба да поминеме дел од времето надвор на свеж воздух.

Кога грее сонце, да поминеме дел од времето надвор. Сончевата светлина дава живот и енергија. Таа дава нова сила, создава витамин Д кога ултравиолетовите зраци проникнуваат во кожата, ја забрзува циркулацијата на крвта и помага внатрешните органи – црниот дроб, белите дробови, бубрезите – полесно да ја излачуваат нечистотијата. 2.Бидете умерени.

Никогаш немојте да им попуштате на вашите желби за она што не е добро. Вистинската умереност значи умерено уживање на она што само по себе е добро, А потполно отфрлање на она што знаеме дека е штетно за нашето здравје.

3.Физичката работа и движењето ни помагаат да имаме добро здравје.

Многу луѓе умираат поради недостиг од физички вежби. Мнозина рѓосуваат пред да се истрошат. Секој ден треба да поминеме во прошетка на свеж воздух најмалку еден час.

Бидејќи истрошените клетки на нашиот организам се надоместуваат со создавање на нови, и тоа за време на одморањето, мошне важно е да имаме редовен ноќен одмор. Секоја ноќ треба да спиеме осум часа. Треба да навикнеме во одредено време да легнуваме и да стануваме.

4.Внимавајте на својата исхрана.

Во нашата секојдневна храна треба да бидат застапени сите елементи што му се потребни на нашиот организам: Јаглени хидрати (сите видови житарици и компир), белковини (грав, леќе, боб, јајца, млеко, сирење итн.), минерални соли (овошје и зеленчук), витамини (свежо овошје и зеленчук) и масти (масла). Житериците, овошјето, оревите и зеленчукот се храна што ја приготвил Бог за нас. Покрај ова храна, потребно е уште да користиме здраво млеко, здрави јајца и свежо сирење. Седмично три до пет јајца е доволно за едно лице Месото не е најдобра храна.

Секогаш треба да јадеме во одредено време. Меѓу редовните оброци не треба да јадеме.

5.Нашиот организам во голема мера се состои од вода.

Водата ни е потребна како за изградување на ткивото така и за отстранување на отпаднатите продукти. Секој ден ни е потребно извесно количество на течнос што треба да ја земеме со храната и како чиста вода. Наутро е добро да пиеме една или две чаши вода пред појадок, а и во текот на денот по една или две чаши меѓу оброците. Никогаш не треба да пиеме премногу студена вода.

6.Здравјето на душата влијае врз здравјето на телото.

Довербата во Бога и радоста што ја чувствуваме кога совесно ја исполнуваме нашата должност кон Бога и кон ближните поволно влијае врз работата на нашиот организам и врз здравјето. „Веселото срце е како лек благотворно, а паднатиот дух коски суши„ (Мудри изреки 17,22).

ШТО НЕ УЧИ БОЖЈАТА РЕЧ ВО ВРСКА СО ХРАНАТА

ШТО МОЖЕМЕ ДА ЈА ЈАДЕМЕ И ЗА ПИЕЊЕТО

ШТО ТРЕБА ДА ГО ПИЕМЕ

 

1. Каква храна му одредил Бог на човекот на почетокот?

„И рече Бог: Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна„(1.Мој.1,29).

„Трње и троскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска„ (1.Мој. 3,18).

По потопот Бог им дозволил на луѓето да јадат месо(1.Мој.9,3.4).

Ное и другите патријарси не јаделе секакво месо. Тие шивотните ги делеле на чисти и нечисти (1.Мој.7,2;8,20).

2. Од кои животни Бог одобрил месо како храна?

„Кажете им на синовите Израилеви и речете им: Ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете: секое животно што има раздвоени копита, и кое прежива, тоа да го јадете. Но од оние што само преживаат или само што имаат раздвоени копита, како што е камилата,да не јадете, бидејќи прежива, но нема и раздвоени копита,; таа е за вас нечиста. И питом зајак, Бидејќи прежива и нема раздвоени копита, нечист да ви е, и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да ви е, и свињата, бидејќи има раздвоени копита, а не прежива – нечиста да ви е. Од месото нивно да не јадете, ниту, пак, мршите нивни да ги допирате – тиа се за вас нецисти. А од се она, пак, што е во вода, ова јадете го: се што има перки и лушпи во водата, во морињата и езерата, јадете го.Она, пак што нема перки и лушпи во водата, во морињата и езерата, се она што плива во вода и живее во вода, осквернето е и нечисто да ви е. Од месото нивно да не јадете и од мршата нивна да се гнасите (3.Мој.11,2-11; 5.Мој. 14).

За луѓето да не се прелажат та да јадат и да принесуваат на жртва и нечисти животни, Бог му објаснил на Мојсеја како можат да се препознаат чистите од нечистите животни. Оваа разлика не е измислена, ниту пак ја дал Мојсеј. Таа лежи во природата на самите животни. Бог најдобро знае како кое животно е создадено и со каква цел. Бог, кој не создал нас, исто така најдобро знае што е за наше добро. Оваа поделба не е еврејска (Мојсеева), зашто постоела и пред евреите (1.Мој. 7,2;8,20).

Познато е дека поголемиот број на болести се пренесуваат преку свинското месо. Исус свињата не ја создал како чисто животно. Свињата е нечиста и како таква не е одредена за наша исхрана. Исто така крвта и салото не се одредени за јадење (1.Мој. 9,4; 3.Мој. 3,16).

3. Како ќе постапи Бог во судниот ден со оние што јадат свинско месо?

„ Зашто Господ ќе суди со оган и со мечот Свој над секоја плот, и многумина ќе бидат убиени од Господа. Оние, што се осветуваат и очистуваат во шумичките еден по друг, кои јадат свинско месо и гадотии и глувци, – Сите ќе загинат вели Господ„ (Исаија 66,16.17).

4. Што кажува Божјата реч за виното?

„Виното е потсмевка, ракијата_бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен„ (Мудри изреки 20,1; мудри изреки 23,29-32).

Виното, ракијата, пивото, ликерите и сите други пијалоци што содржат алкохол, се непријатели на нашето здравје и затоа Божјата реч ги забранува. Многу убиства, самоубиства, несреќи во сообраќајот и на работа, се случуваат како последица на употребата на алкохолни пијалоци.

5. Во кои гревови е наредено пијанството?

„Ниту кратците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо„ (1.Кор. 6,10; Гај. 5,19-22).

Бог ни го дал грозјето, како и сето друго овошје да го уживаме во природна состојба, а не од него да правиме алкохол. Овошните сокови се здрав пијалок и здрава храна и нив треба да ги трошиме во поголема мера.

„Вака вели Господ: Кога во гроздот има сок, не го повредувај, зашто во него има благослов; Исто ќе направам и за моите слуги, та сите да не ги погубам„(Исаија 65,8).

6. Какви важни опомени наоѓаме во Божјата реч во врска со алкохолните пијалоци?

Тешко им на оние, кои од рано утро бараат сикер и до доцна вечер се згорештуваат со вино„ (Исаија 5,11).

„И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со дух„ (Ефес. 5,18; Судии 13,4).

Божјата реч ја забранува не само употребата на алкохолни пијалоци, туку и турското кафе и рускиот чај, зашто во нив се наоѓаат отрови, наркотици (Кофеин,теин), кои штетно влијаат на здравјето.

7. Каква совет ни дава Божјата реч во врска со напуштањето на секоја штетна навика?

„И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји„ (2.Кор. 7,1).

Тутунот е бавен и подмол отров, а пушењето нечиста и штетна навика. Тутунот е билка која Францускиот дипломат никот ја донел од Америка во Европа во 16 век. До тогаш во Европа не се пушело. Пушењето штетно влијае врз крвните садови, а често предизвикува рак на белите дробови и на другите органи кај човекот. Луѓето денеска трошат многу пари на алкохолни пијалоци и на тутун кои не се храна туку отров. Божјата реч не советува: „Зошто да давате сребро за она, што не е леб, И заработката своја – за она, што не наситува? Послушајте Ме внимателно и јадете, што е добро, и душата ваша нека се наслади со мрс„ (Исаија 55,2).