Ова е време кога сите почнуваат да кашлаат или да поткашлуваат. Иако може да помине по неколку денови без последици за здравјето, треба да се обрати внимание на упорната кашлица која може да прерасне во хронична. Тогаш задолжително треба да се обратите на лекар, кој откако ќе ги утврди видот на кашлицата и нејзината причина, ќе одреди соодветна терапија.
СУВА КАШЛИЦА
Овој вид кашлица укажува на настинка или вирусна инфекција, бактериска алергија или во најлош случај малигно заболување на респираторниот систем. Сувата кашлица може да биде опасна ако трае подолго од две недели, а не е проследена со зголемена тампература. Тогаш треба задолжително да се обратите на лекар. Кашлицата никогаш не треба да се лекува со домашни лекови, туку лекарот треба да ја утврди причината и врз основа на неа да примени соодветна терапија.
ПРОДУКТИВНА КАШЛИЦА
Овој вид кашлица е придружена со искашлување безбоен или обоен секрет, а најчеста причина е опструктивна болест на белите дробови, од која претежно страдаат пушачите. Кај оваа кашлица не треба да се чека, туку веднаш треба да се обратите на лекар, кој ќе ви препише соодветна терапија и лекови. Продуктивна кашлица која се јавува и дење и ноќе, а трае подолго од десет дена, може да биде опасна.
НЕРВОЗНА КАШЛИЦА
Најчесто се работи за сува кашлица, која се дијагностицира со едноставни тестови. Во денешни услови најчеста причина се алергиите, но може да биде последица и на инфекцијата. Ако ова кашлица е упорна, односно трае подолго од десет дена, веднаш треба да се обратите на лекар. Ако се работи за алергија, се лекува со соодветен алерген, а ако е резултат на инфекции, со антибиотици.
ПРЕДИЗВИКАНА СО КИСЕЛИНА
Станува збор за остра кашлица која предизвикува засипаност. Причина можат да бидат вируси, инфекции, алергии, како и стресни ситуации. Потребно е да се јавите на лекар бидејќи може да укажува на други болести како што се оштетување на нервниот систем, зголемено присуство на желудочна киселина или појава на гастрични хернии. Ваквата кашлица може да биде опасна доколку не се намалува и покрај интервенциите на лекарот.
АСТМАТИЧНА КАШЛИЦА
Астмата е хронична болест за која се карактеристични упорната кашлица, отежното дишење и напади на кашлица проследени со отежаното дешење, солзење на очите и течење на носот.
НЕОБЈАСНИВА КАШЛИЦА
Ова е хронична кашлица која трае со години. Обично се јавува во текот на денот во вид на напади кои траат десетина минути. Се нарекува необјаснива бидејќи не постои очигледна причина. Кашлицата е нормална физичка појава, рефлекс со кој се исфрлаат штетните честички од организмот, но ако таа стане хронична, задолжително треба да се јавите на лекар.