Нови зависности

Во современото општество се забележува раст на разни видови зависности. Всушност, некои од нив и не се нови. Но се чини дека дури и оние денеска се позачестени и покомпулзивни. Постојат доста таканаречени „зависности без дроги“ или „зависни однесувања“.

Еве една листа на најзначајните зависности:

  • зависност од игрите на среќа и други компулзивни коцкарски опсесии.
  • зависност од секс
  • зависност од работа
  • зависност од интернет
  • зависност од купување
  • зависност од телевизија
  • зависност од храна
  • зависност од мобилен телефон

Причина за овие појави

Денешното множење на горенаведените зависнички однесувања поттикнало некои автори да изјават дека нашата „ цивилизација е зависничка “. Комплексното ,но оправдано прашање гласи – зошто е тоа така. Стручните лица истакнуваат многу причини, но треба да се сфати дека на тој феномен влијаат општествено културолошките фактори, а не само психолошките.

продуктивноста, потрошувачкиот менталитет и рекламите кои промовираат стил на „победник“ во животот и поттикнуваат создавање култ на новото (па дури кога станува збор и за тривијална вест) како и потрага по моментално задоволство.

општествено економските и културолошките промени кои доведуваат до осаменост, изолација и анксиозност: распад на класичното семејство, ширење сектор на услуги, лудо темпо на живеење итн.

„бомбардирање“ на сетилата и ги потенцира чувствата, на штета на мирното размислување кое би било подобро.

заситеност од секаков вид информации, поради се поголемото изобилство во медиумите што доведува до вознемиреност и огорченост среде поплавата од лоши вести.

материјалистички пристап, кој се состои од мотото „да се има“ и „работи“ а не „да се биде“. Самоисполнетост се бара во предметите и однесувањето кои се повторуваат, без доволно да се размислува за тоа.

Меѓу останатото, сите тие елементи ја зајакнуваат импулсивноста, а уште повеќе компулсивната страна на поединецот .На тој начин цветаат зависностите, заедно со другите манични и опсесивни заболувања кои ја ограничуваат слободата. Истовремено, самопочитта на зависниците, која и така ја има малку, и понатаму опаѓа, зошто според нивното мислење никогаш не успеваат да ги достигнат општествените стандарди.