Текстови

ОБОЕНИ ЛИЦА

„ За вашиот шарм и убавина” – вели една реклама за козметички средства, претставувајќи ги своите најнови производи. Овој пазар, кој за целна група ја има женската популација носи голема заработувачка. Мал број на мултинационални корпорации кои потекнуваат од раниот 20 век моментално доминират со производство на козметика. Со ласкање и убедување дека тоа е она што им треба за да изгледаат подобро, им го менуваат животниот поглед на потрошувачите.

Овде се вклучени: креми за кожа, пудри, кармини, лак за нокти, шминка за очи, фарба за коса, гелови, итн.

Докази за користење на козметиката се пронајдени во Египет околу 3 500 год. п.н.е.

Ја користеле во Античка Грција и Рим.

Во минатото, кога луѓето ги колонизирале некои непознати земји, се сретнувале со староседелците. Некои имале обичај да ги цртаат своите тела или обојуваат своите лица со различни бои. За нив ова било неприфатливо, дивјачки, безбожно.

Околу 1800 год, шминката ја користеле првенствено проститутките, а кралицата Викторија јавно објавила дека шминката е неприлична, вулгарна и прифатлива само за глумците.

Денес тоа е животен стил. Тешко некоја женска личност да излезе од дома без да се нашминка или да не ја наполни ташната со разни козметички средства. Самиот факт дека е женско, се подразбира дека треба да се шминка, учејќи ги така децата од мали.

Како да е нешто природно, нешто што постои отсекогаш.

Кога биле создадени првите луѓе стои запишано:

И виде Бог дека е многу добро се она што го беше создал.

Но некои не се сложуваат со ова. Кога ќе ги стават различните бои и козметички средства на себе велат: – Е, сега е добро.

Каква е целта на ова? Незадоволство од својот изглед? Маскирање на некој внатрешен проблем?

Станавме општество со шарени лица а потемнети души.

Во Библијата е запишан настанот со една жена по име Језавела. При нејзините последни мигови од животот, наместо покајание,.. таа стави црвило на лицето свое, ја накити главата своја… 2 Цар (9,30).

И денес многумина се на патот на смртта а окупирани се со овие работи

Една поговорка вели: Позајмената убавина не може да трае долго.

Совет од Библијата за убавината.

Вашата убавина да не биде надворешна… туку внатрешна, во срцето. 1Пет.(3,3,4)