ПРИРОДНО СПРЕЧЕТЕ ГО ПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

Пред да почнете да барате лек за паѓање на косата морате прво добро да разгледате дали се работи за болест или за наследна особина. При самопроцена земете предвид што е можно повеќе фактори, на пример, состојбата на косата на нашите родители, роднини, кога косата почнала да ви паѓа, во каква психичка состојба тогаш сте биле, во каква психофизичка состојба сте сега…

Ако сте заклучиле дека станува збор за болест, итно во акција-обратете се кај лекар, но ако е во прашање наследството, тогаш тешко дека ќе можете нешто да направите. Сепак, немојте потполно да се обесхрабрите бидејќи, иако не можете потполно да го спречите, барем ќе го забавите. И во едниот и во другиот случај најважно е систематско дејствување. Морате да одлучите дали ќе се фатите целосно во костец со тоа бидејќи само повремено или парцијално реагирање нема да ви донесе никакво подобрување.

Најважно е да го намалите стресот. Тоа е лесно да се каже, но тешко е навистина да се намали. Обидете се, ако веќе не можете да го избегнете, барем да ги ублажите неговите последици со некои техники на опуштање, вежбање и слично.

Исхраната мора да биде урамнотежена со доволно витамини и минерали и со редовни оброци. Ако не можете да си обезбедите доволно внесување витамини, обидете се нивниот недостаток да го надополните со земање витамински додатоци.

За миење користете благи и неутрални шампони. На скалпот може да му помогнат и растителни смеси кои можат да се купат во секоја аптека или дрогерија.

За плакнење користете чај од камилица (го подготвувате така што четири лажици од растението ќе ги прелиете со литар жешка вода. По 10 минути процедете ја течноста и причекајте да се олади до температура со која инаку ја миете косата). Освен камилица, добро дејство може да постигне и чајот од коприва. Еднаш измијте ја косата со чај од листови, а следниот пат со чај од корен од коприва (ако го подготвувате на ист начин како и камилица).

Скалпот редовно масирајте го со исцедок од листови од ореви или исцедок од лаванда помешана со еднакво количество глицерин. Наместо исцедок може да користите и масло од тие растенија.

За втривање во скалпот најдобро е да употребувате смеса од свежи коприви. Половина килограм свежи листови од коприва прелијте ги со жешка вода и оставете ги 30 минути. Процедете ги и потоа од копривите исцедете го сокот и додадете чаша рицинусово масло ( може да го купите во аптеките). Со таа мешавина тријте го скалпот најдобро трипати дневно околу 12 пати неделно. Не морате да робувате на точноста, сепак тоа не е лек кој мора да се зема на секои осум часа.

Можеби поради наведените ритуали ви се чини поедноставно да купите препарат од аптека и да завршите со работата, но на таквите средства никогаш не им се знае точната содржина и понекогаш може поради својот хемиски состав на косата да и нанесат повеќе штета отколку корист.