ПОЛЗАТА ОД ФИЗИЧКИТЕ ВЕЖБИ

Активноста е закон на нашето битие. Секој орган од нашето тело има своја одредена задача и нашиот развој и силата зависат од нејзиното извршување. Правилната работа на сите органи му дава на организмот сила и виталност додека тенденцијата за неактивност води кон распаѓање и смрт. Ако преврзете една рака и ја ослободите по неколку седмици ќе видете колку таа ќе биде послаба од онаа која во меѓувреме нормално сте ја употребувале. Неактивноста доведува до исти последици во целиот мускулен ситем.

Неактивноста претставува значителна причина за болест. Рекреацијата ја забрзува и врамнотежува циркулацијата на крвта во организмот додека во состојба на неактивност крвта не циркулира правилно и затоа во организмот не доаѓа до размена на материите кои се толку неопходни за животот и здравјето. Во тој случај, ни кожата не ја врши својата улога. Нечистотиите не се излачуваат како во случај на вежбање кое со забрзување на крвотокот ја одржува кожата здрава, а градите ги храни со изобилство чист и свеж воздух. Таквата состојба на организмот двојно ги оптеретува органите за лачење и болеста е неизбежна последица.

Оние кои се исцрпени од ментална работа треба да се одморат од загрижувачки мисли, но не треба да бидат наведени на помисла дека наводно е опасно воопшто да се служат со своите умни сили. Мнозина имаат тенденција да ја сметаат својата состојба за полоша отколку што таа всушност е. Никако не смееме да поттикнуваме таква состојба на духот затоа што таа влијае многу неповолно на оздравувањето. Оние кои се занимаваат со поголема активност на умот често пати страдаат од болест поради тоа што тешките духовни напори не ги ублажуваат со толку потребното физичко дишење. На овие лица им недостасува повеќе активен живот. Навиката на строга умереност во комбинација со соодветна рекреација ќе му обезбеди умна и физичка сила и трајна издржливост на секој што работи со умот.

Оние кои ги преоптовариле своите физички сили не треба да се охрабрат сосем да ја изостават физичката работа. Но, за да донесе најголем благослов, работата никогаш треба да биде систематизирана и пријатна. Всушност, најдобро е движењето на отворено кое треба да биде испланирано така што ќе ги зајакне истоштените органи, и тоа треба сесрдно да се превзема. Физичката работа никогаш не треба да се смета за нешто што го понижува човекот и се сведува на ропско аргатување.

Правилно насочената рекреација се покажала како ефикасно лековито средство. Во некои случаи таа е неопходна за оздравување. Извршувањето на некоја корисна работа која не го преоптеретува организмот има благотворно влијание и на телото и на душата. Тоа ги зајакнува мускулите, ја подобрува циркулацијата.

Бидејќи движењето ја потпомага работата на органите за варење, тоа е особено полезно за диспептичарите ( болни од лошо варење). Додека премногу напорната физичка или умствена работа која би се превзела веднаш по оброкот го попречува процесот на варењето, умерените вежби, кусата прошетка со крената глава и рамењата повлечени наназад, претставува голема благодат.