ПУШЕЊЕТО – ФАКТОР ЗА МНОГУ БОЛЕСТИ

Зголемената стапка на смртност од рак можат да се препишат во поголем дел на користење тутун. Тутунот е виновник број еден во САД и во поголемиот дел на светот.

Само во САД, приближно 170.000 животи се губат секоја година заради ракот предизвикан од цигарите.

Овој порок не е штетен само за оние кои пушат или џвакаат тутун. Другите кои пасивно го вдишуваат димот го зголемуваат ризикот од рак. Моменталните процени се дека во САД секоја година умираат 3.000 непушачи од рак на белите дробови заради пасивното пушење.

Освен тоа, татковците кои пушат повеќе од 10 цигари дневно, во време кога ги зачнуваат своите потомци,нивните деца имаат зголемен ризик од развивање на рак во детството за 31%. Ако пушат повеќе од 20 цигари на ден, ризикот расте до 42%. Се тврди дека тоа е поради оштетувањето на ДНК во сперматозоидите предизвикано од пушењето.

Пушењето има влијание и на другите органски системи, допринесува за брчки на кожата и остеопороза, Ширум земјите во развој, повеќе од третина мажи со старост од 35 до 69 год. умират од пушење.

Не само што е веројатно дека пушачите ќе доживеат инфаркт, туку и големи се шансите да умрат од него. Изложени се на поголем ризик од ненадејна смрт поради срцевите заболувања.

Кога ќе се комбинира со другите ризични фактори како што се зголемениот холестерол и хипертензија, ефектот на пушењето е уште поголем. Освен срцето, и мозокот страда од цигарите. Артериите кои го снабдуваат мозокот се склони кон забрзана артериосклероза како последица на пушењето. Ако стеснувањето стане озбилно, може да дојде до мозочен удар.

Познато е дека пушењето цигари допринесува за губење на густината на коските. Постојат повеќе причини за ова заболување но пушењето доаѓа како голем фактор кој треба да се земе во предвид.

● Други видови на рак предизвикани од пушењето:

Грлото   Устата
Желудникот   Панкреасот
Бубрезите   Кожата
Дебелото црево   Леукемија
Грлото на матката   Пенисот

Од 4.000 утврдени хемикалии во димот од цигарите, за 43 е познато дека се канцерогени. Канцерогените материи се способни сами од себе да предизвикаат рак. Тутунската индустрија има направено обиди за производство на цигари без никотин, но невозможно е да се направи цигара без канцерогени материи. Нивна грижа не е здравјето на луѓето, туку профитот добиен од зависноста на луѓето.

Грижата за своето здравје треба да ја носи секој поединец. Потребно е да се отстрани од нашиот живот еден голем фактор кој придонесува за појава на многу болести – ТУТУНОТ.