Топлите денови не повикуваат на дружење во природата, истражување, вежбање на отворено и на долги прошетки. Меѓутоа, другата страна на медалот носи со себе негативни последици. Сонцето, цвеќето и инсектите може да остават трага на вашата кожа. Кога ги носите децата во природа или само минувате време играјќи се во паркот, водете сметка за влијанијата на околината кои може да ја оштетат нежната детска кожа.
ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
За разлика од возрасните детската кожа е потенка, понежна и не е опремена со еднакво количество од пигментот меланин, кој ги апсорбира сончевите зраци и така не штити. Погрижите се вашите деца да носат лесна и светла облека со долги ногавици и со ракави. Освен што може да остави трага на кожата, сонцето особено е штетно за видот на децата. Тие се исклучително чуствителни на претерано изложување на УВ-зраци бидејќи нивните леќи пропуштат 70 осто повеќе светлина отколку на возрасните. Претерано изложување на сонце и на УВ-зраци без соодветна заштита може привремено да ги оштети очите.Ограничете го времето кое го минувате на сонце и погрижите се вашите деца да носат соодветни очила за сонце – никако ефтини копии кои сте ги купиле на пазар. Родителите избегнуваат да купуваат очила за сонце на децата затоа што сметаат дека не се доволно одговорни за нивното чување и носење. Многу оптики носат голем избор на очила со шарени рамки. Обидете се да ги подмитите така што ќе им купите очила со нивниот омилен лик од цртаните или со некој суперхерој. Од штетното влијание на сонцето може да му ја заштитите главата со капа или сламена шапка, кои се особено популарни кај децата. Не заборавајте на обилното количество крем за сончање со висок фактор и носете го често со себе.
УБОДИ ОД ИНСЕКТИ
Пролетот е период кога животот повторно се буди, се почнува со нов циклус, па така е и со инсектите. Пчелите, осите, мравките, бумбарите, комарците, крлежите… Сите тие се понтенцијални опасности за нежната кожа на децата. Угризите на разани инсекти може да предизвикаат црвенило, отеченост и чешање, но исто така може и да предизвикаат алергиски реакции. На пример, убод од пчела е посебно опасен ако детето е алергично на пчели, ако има астма или други тешкоитии со дишните патишта. Пред да ги намачкате со некоја маст првин проверете дали таа е соодветна за сите возрасти.
ОПАСНОСТ ОД ОСИП
Додека се шетате во природа во паркот неколку улици од вашиот дом, па дури и ако престојувате во вашата градина, важно е да знаете кои ваши растенија ве опкружуваат – некои може да ги сокриваат вистинските опасни замки за малечките. Научете да ги препознавате најчестите предизвикувачи на посипи и лишаи, а кога е во прашање вашата градина, избегнувајте пестициди и хебрициди. Некои од најпознатите растенија оставаат ,,потсетник” по допирот со копривата И со отровниот бршлен. Иако во традиционалната медицина се користат веќе долга низа години за ублажување на болките поврзани со артритисот и со ревмата, против испаѓање на косата и за лекување анемија, ненајдената средба со копривата може да биде многу болна за децата. Нејзините влакненца се всушност малечки инекции кои вшприцуваат неколку различни хемикалии и предизвикуваат специфично печење.
По контакт со отровен бршлен на кожата се создава посип неколку дена потоа – кожата е посипана со ситни црвени приштови кои изгледаат како меурчиња и кои печат и чешаат. Ако сте виделе како вашето дете допира отровен бршлен, немојте да му дозволите со рацете да се допира по лицето или очите. Веднаш измијте му ги рацете со сапун и вода за да го тргнете маслото од растението на минимум да ја сведете апсорпцијата. Овој посип ќе се повлече сам од себе по две недели, меѓутоа можете да помогнете да му ги ублажите чешањето и печењето со ладни завои, со купки во ладна вода и со специјално наменети гелови кои ќе ја смират надразнетата кожа.