Здрав живот

Здравјето е ризница на богатството: – Од сите овоземски добра, здравјето е најскапоцено. Трупањето богатства (од материјална природа), образование и чест е премногу скапо ако поради тоа се загуби силата на здравјето. Ниедно од овие предности не може да обезбеди среќа ако здравјето е загубено. Злоупотребувањето на здравјето, на тој дар што ни го подарил Бог , претставува страшен грев; таквото злоупотребување, дури и кога би успеале да стекнеме некакво воспитување, ги ослабнува нашите животни сили и ни донесува само загуба.

Вобичаениот систем на воспитување кој во текот на многу поколенија имал разурнувачко дејство брз здравјето и врз самиот живот , се повеќе преовладува.Многу родители и учители не сваќаат дека во раните години од детскиот живот најголемо влијаниетреба да се посвети на неговиот физички развој, за да може да се овозможи умно и телесно здравје. Поради тоа никогаш не треба да се дозволи учениците толку да се оптоварат со учење што ќе немаат време за физичко воспитување. Здравјето не може да се сочува ако секој ден не се оддели време за зацврснување на мускулите со вежбање на свеж воздух. Овие часови треба да се посветат на некој вид физичка активност, на нешто што ше ги стави во движење нивните тела. Рамномерното оптоварување на умствените и физичките сили ќе го освежи умот на ушеникот.Здравјето треба да се чува исто толку свето и неприкосновено како карактерот. Многу ученици, за жал, не се свесни за фактот дека исхраната во голема мерка влијае врз здравјето. Некои од нив никогаш не вложиле одлучни напори да завладеат со своите желби или еда се држат до некое примерно правило во поглед на исхраната. Тие јадат премногу за време на јадењето, а некои од нив јадат и помеѓу оброци, секогаш кога ќе се најдат во такво искушение. Ако оние што тврдат дека се христијани сакаат да најдат решение за прашањата кои за нив се толку сложени: зошто нивниот ум е толку замаглен, зошто нивните верски стремежи се толку слаби, тие најчесто не би требале да одат некаде подалеку од својата трпеза; туку има доволно причини за сето тоа, ако не постои уште и нешто друго. Со своето попуштање на апетитот. мнозина се одделуваат од Бога. Тој, што го забележува паѓањето на едно врапче и го брои секое влакно на главата, го забележува гревот на оние кои му попуштат на изопачениот апетит, трошејќи ја и онака ослабнатата физичка сила, затапувајќи го умот и умртвувајќи ја моралната моќ на воочување. Нашите студенти треба да здобијат темелно образование, за да можат во активниот живот да стапат со едно вистинско познавање на организмот што Бог им го дал. Објаснете им дека мораат да учат се додека се живи. И додека ги поучувате, имајте на ум дека тие ќе учат други. Поуките што од ден на ден ги предавате, многу пати ќе се повторат на корист и на благослов на другите.

Подготвил: Радица Велковска