Текстови

ЗДРАВЈЕТО И СРЕЌАТА ПРИ РАКА

Управата на лондонската зоолошка градина морала на некои свои посетители да им ја надомести штетата што им ја нанеле нивните животни. Најмногу имало грабнати и уништени очила. Поради што токму очила? Набргу е откриена и вистинската причина: на кафезите во кои се наоѓале мајмуните се наоѓале плочки со ситни букви и посетителите морале да се приближат за да можат да ги прочитат. На плочките пишувало: ,,Внимание! Овие мајмуни можат да ви ги грабнат очилата.”

Кога станува збор за здравствените предупредувања, многу луѓе се чуствуваат фатени во слична стапица. Откако ќе ги запознаат здравствените предупредувања, почнува да им се чини дека се што ќе изедат, што ќе испијат, се што ќе почуствуваат или ќе слушнат – ќе го оштети нивното здравје.

За среќа не е така! Се чини дека на повеќето денешната литература за здрав начин на живот не и достига најважниот елемент – разбирливост. Учењето на научниците за поздрав и посреќен живот секако би требало да биде изразено многу појасно со цел луѓето од тоа да можат да имаат корист. Секој од нас би требало да даде свој придонес.
Изнаоѓањето за сите разумни и прифатливи совети за здрав начин на живот може да се стори многу тешка задача. Но мудроста што ја содржи секое здравствено предупредување, секој пропис, истражувачки извештај или здравствен приручник-може да се искаже со неколку мошне едноставни здравствени начела. Тие начела можат лесно да се запаметат и да се прифатат. Можеме концизно да ги изразиме на овој начин:

1. ДА СЕ ХРАНИМЕ СО ЗДРАВИ НАМИРНИЦИ

Научниците и лекарите и обрнуваат големо внимание на исхраната и на нејзиното влијание врз настанувањето или спречувањето на болестите. Да планираме уедначена исхрана составена од едноставно приготвена храна. Во нејзиниот состав треба да има што помалку маснотии и шеќер, но затоа многу витамини. Житариците, овошјето и зеленчукот можат најдобро да послужат во таков начин исхрана.

2. ДА ПРЕСТОЈУВАМЕ НА ОТВОРЕНО

Човекот не е создаден цели денови да седи крај маса, одвоен од свеж воздух и од сонцето во слободен простор. Да излеземе на прошетка и да одиме брзо. Да излеземе надвор кога времето е сончево. Да дишеме длабоко. Би требало да ни стане обичај да не помине ден, а одредено време да не поминеме на отворен простор.

3. ДА ПИЕМЕ ДОВОЛНО ВОДА

Нашето тело во најголем дел се состои од вода, толку неопходен за животот. За нашиот организам правилно да функционира, треба дневно да испиеме шест до осум чаши вода. Јасно е дека таа потрошувачка на течност зависи од нашата активност во текот на денот.

4. ДА ВЕЖБАМЕ

Да не ги избегнуваме вежбите, движењето и работата, макар и да е тешка. Има толку работи што можат да придонесат за поубав изглед на нашето двориште, на тревникот или овоштарникот; а истовремено и за нашата подобра физичка кондиција. Ако немаме, или едноставно – да вежбаме крај отворен прозорец.

5. ДА СЕ ОДМАРАМЕ

Чуството на умор – за кое лекарите толку слушаат од своите пациенти – би исчезнало кога правилно и редовно би се одмарале. На повеќето од нас им е потребно осум часа ноќен сон за телото да се освежи и да ја обнови резервната енергија. Да не го занемариме одморот во текот на денот.

6. ДА РАЗВИЕМЕ САМОКОНТРОЛА

Сите наведени упатства нема да придонесат за нашата благосостојба во колку не се приджуваме кон нив. За тоа е потребна самоконтрола – сила на волјата. Тоа значи дека кога ќе кажеме оти нешто сме решиле да сториме, тогаш тоа и да го сториме. Да го отфрлиме сето она за што знаеме дека му штети на нашето здравје – макар тоа да ни претставува и уживање. На пример: цигарите и алкохолот се потврдени непријатели на доброто здравје. Изобилството шеќер, кафето и кофеинските напитоци, или холестеролот – го ослабнуваат нашиот организам и го прават подложен на болести.

7.ДА СЕ НАДЕВАМЕ ВО БОГА

Верата и надевањето во божествената сила можат најмногу да придонесат за нашето здравје. Поради што? Затоа што Бог не создал! Кој може подобро да знае од Творецот што е подобро за нашето здравје? Познавањето на Бога и на сето она што го очекува Тој од нас ќе биде вистински извор на силата и самоконтролата потребни да го усвоиме здравиот начин на живот.

Прифаќањето на овие здравствени начела за многу луѓе претставува голема промена на начинот на животот. Сепак, мнозина со поголемо задоволство го задржуваат својот вообичаен животен стил; иако знаат дека биле поздрави, тие не сакаат да се прилагодат кон ваквите барања. Тие се слични на пациентот што му рекол на лекарот: “Докторе, не дојдов кај вас да ми кажете дека мојата свеќа догорува од двете страин! Дојдов да ми дадете уште восок!”
Мудрите чекори кон здравиот начин на живот можат да сторат повеќе од вистинското додавање на мелечко количество восок. Секој што ќе ги усвои овие здравствени начела, својот живот ќе го претвори во големо задоволство, во изобилство здравје и среќа.
Т.Т