ЗГОЛЕМЕНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА – РИЗИК ЗА ЗАБОЛУВАЊА

Овој проблем добива глобални димензии, па оттука и советот на Светската Здравствена Организација е ,, да се внимава на дебелината “.

К. Еверт Куп поранешен началник на санитетската служба во САД,поднел извештај во кој стои дека; прекумерната и неурамнотежена исхрана значајно допринесува за развојот на осумте водечки болести во земјата.

Зголемената телесна тежина била поврзана со зголемениот ризик од неколку различни видови на рак.

На списокот се: рак на дојката, на бубрегот, простатата, и внатрешноста на матката.

Др. Кумар со своите соработници на Универзитетот во јужна Флорида, утврдил дека зголемувањето на телесна тежина од пубертетот до раниот возрасен период, е посебно значајна во зголемување на ризикот од рак на дојката.

Откриле дека дополнителни 4,5 кг. на 30 годишна жена го зголемува ризикот од рак на дојката за 23%, додека додатни 9 кг. го зголемува ризикот за 52%. Мажите кои имале вишок на килограми од 40%, имале 33% зголемен ризик на смртност од рак.

Вишокот на масно ткиво, всушност е складиште на отрови во телото. Поради тоа дебелината е опасна, зашто претставува почетна точка за повеќе сериозни болести: рак, артериосклероза, дијабетес, ревматичен артритис и др.

Некои се борат со болести поради недостаток на храна, но другите страдаат од премногу храна. Претераната употреба на масти е една од најголемите причини за дебелење. Тешко е да се најде дебел човек кај оној што се храни со растителна храна.

Прекумерната или неурамнотежена исхрана допринесува и за други проблеми освен споменатите: зголемен крвен притисок, забни болести, остеопороза.

Колку повеќе се зголемува тежината , толку е поголем и притисокот на зглобовите кои ја носат тежината како што се; колковите, колената и глуждовите.

Др. Дејвид Фелсон од Универзитетот во Бостон утврдил дека намалувањето на телесната тежина може значително да го намали артритисот на колената. Вежбањето и правилната исхрана се два столба за стекнување и одржување на оптималната тежина.

Нормалната тежина е потребна за убаво тело, и претставува знак за правилна исхрана и добро здравје.