БАДЕМИТЕ И ЛЕШНИЦИТЕ СЕ НАЈДОБАР ЛЕК ЗА СРЦЕТО

Лешниците, бадемите и оревите се одлични при превенција на срцевите заболувања – покажаа резултатите од едно научно истражување. Експертите забележале дека често консумирање на овие јаткасти плодови за човечкиот организам може да направи повеќе отколку лековитото маслиново масло.

Шпанските научници, кои се автори на ова истражување, нагласуваат дека во комбинација со јаткастите плодови потребно е да се конзумира медитеранска храна, а предност и се дава на рибата, белиот лук и свежиот зеленчук бидејки во спротивно, при конзумирање на брзата храна, резултатот не би бил видлив.

Научниците, исто така, нагласиле дека семињата содржат големо количество противвоспалителни состојки, многу потребни влакна, како и антиоксиданси кои го намалуваат крвниот притисок и кои добро влијаат на работата на срцето.

Имено, болестите на срцето многу често се поврзани со исхраната и метаболизмот, па на луѓето кои боледуваат од срце, им се препорачува и правилна исхрана богата со здрави масти кои најчесто се содржани во јаткастите плодови.