Белковините се откриени како класа на хранливи материи во 1838 год. До тогаш исто така е утврдено дека белковините се поврзани со сите живи организми на Земјата. Вебстер укажува дека самиот збор “ protein “ е изведен од грчкиот корен “ protos “ што значи “ прв “. Нашето разбирање за белковините пораснало со текот на годините, сега знаеме дека се неопходни за многу разновидни улоги како што се функционирање на мускулите, производството на хормони и ензими.
Исто така, нашата потреба за протеините расте со текот на нашите години на растење, со текот на поправањето на ткивата ( по повреда или операција) и во текот на вежбање и изградба на мускулите.
Значи, не постои мит во врска со значењето на белковините во нашата исхрана. Но, постои забуна околу таканаречената надмоќност на животинскиот извор на протеини која се појавува кога малку подетално ќе ја погледаме природата на белковините.
Белковините се сложени молекули кои се составени од молекуларни градбени блокови наречени “ аминокиселини “. Постојат дваесет аминокиселини кои човечкото тело ги користи за изградба на белковините кои му се неопходни за здравје и живот. Кај возрасните осум од овие аминокиселини се нарекуваат есенцијални, зошто мораат да се внесат со исхраната. Имињата на овие аминокиселини се изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фениналанин, треонин, триптофан и валин. Останатите дванаесет аминокиселини човечкото тело може да ги произведе. Ако ги споредиме молекулите на белковините со воз, аминокиселините се како поединечните вагони на возот. Како што возот не може да биде изграден само од патнички вагони или од локомотивата, така исто и на телото му се потребни аминокиселините во соодветни пропорции, како би конструирало функционални молекули на протеините. На ова место, предрасудите за животинските белковини почнуваат да се покажуваат. Очигледно е дека животните физиолошки се послични на луѓето отколку на растенијата. Спрема тоа, не би требало да биде изненадување дека при споредбата на месото на една животинска врста ( на пр. телешко) со храната од една растителна врста ( на пр. овесна каша ), смесата на аминокиселините во животинскиот производ веројатно би била поблиска на пропорциите кои им се потребни на луѓето. Заради тоа, многумина неточно претпоставиле дека исхраната е основана на животински извори на белковините, како што е месото, надмоќна исхрана основана врз растителни производи за обезбедување на соодветните количини на есенцијални аминокиселини во вистински пропорции.