Текстови

Да го зајакнеме имунитетот и да се одбраниме од болестите

Најважната работа за човековото здравје е доброто функционирање на имунолошкиот систем. Оптималната функција на имунолошкиот систем може да го спаси човекот не само од обични инфекции ,туку и од најтешките заболувања, вклучувајќи го и ракот. Јакиот имунитет го овозможува генетската предодреденост. Но и правилниот начин на исхрана придонесува не само да се задржи постојниот туку да се создаде или подобри имунитетот . Науката докажала дека ефикасната функција на сложениот имунолошки систем директно зависи од тоа што, кога, колку и како јадеме и како ја приготвуваме храната што секојдневно ја консумираме. Прехранбените производи содржат заштитни материи (витамини, минерали) и други состојки како и искрите на животот, ензимите од свежата храна без кои заштитните материи никогаш не би влегле во клетките, односно не би биле искористени.

Витамините, минералите и другите состојки се поттикнувачи на одбранбените функции на организмот. Тие ја зголемуваат отпорноста на организмот кон разните вирусни и бактериски инфекции. Дали ќе се создаде рак или тој ќе се повлече, главно зависи од функционирањето на имунолошките механизми во организмот. Состојките од сварената храна можат силно да влијаат леукоцитите (белите крвни зрнца) кои се, во вистинска смисла на зборот „специјалци полицајци “ во организмот и се наменети за борба против инфекциите и ракот. Разните видови бели крвни зрнца имаат своја улога во имунолошкиот систем. На пример, неутрофилните бели крвни зрнца ги убиваат бактериите и клетките на ракот. Лимфоцитите “Т“ управуваат со повеќе имунолошки активности , а меѓу другото ги произведуваат интерферонот и интерлеукинот и претставуваат прва одбрана од инфекциите и од ракот. Ги уништуваат бактериите и вирусите, па дури и клетките зафатени со вируси . Лимфоцитите “Б“ произведуваат антитела што имаат задача што поскоро да ги уништат сите “натрапници“. Концентрацијата на лимфоцитите “Б“ во крвта се зголемува двојно ако редовно го користиме пчелиниот производ матичен млеч во лиофилизирана форма. Тоа значи дека матичниот млеч двојно го зајакнува ослабениот имунитет на човекот ако го внесуваме во минимални дози. Тој содржи 85 природни антибиотици, кои, за разлика од синтетичките, дејствуваат селективно, ги уништуваат само штетните микроорганизми, а корисните ги зајакнуваат. Одамна е познато дека јогуртот, со своите две корисни бактерии (лакто-бактериум булгарикум и стрептококус термофилес ), дејствува како природен антибиотик. Тој може да ги убие и онеспособи штетните бактерии. Многу е корисно јогуртот да се консумира редовно наместо пресното млеко, кое го нема тоа својство. Поновите клинички испитувања покажуваат дека јогуртот ја подобрува работата на целокупниот имунолошки систем , го поттикнува создавањето на гама интерферонот, го подобрува дејствувањето на лимфоцитите “Т“ и го зголемува создавањето на антителата. Докажано е дека само со две чаши јогурт дневно, петпати се зголемува нивото на интерферонот во крвта. На тој начин се зголемува способноста на организмот да се бори со инфекциите. Констатирано е дека со пиење 2,5 децилитри јогурт дневно за 25 отсто се намалува можноста за појава на настинките, кивањето и дијареите. Јогуртот значително ја спречува појавата на ракот на белите дробови , па дури и на ракот на дебелото црево. Интересно е дека и загреаниот јогурт, во кој се убиени и корисните бактерии, успешно ја спречува појавата на ракот. Јогуртот го поттикнува создавањето на лимфоцитите “Т“ кои ги уништуваат туморозните клетки. Имунолошкиот систем го зајакнуваат и печурките шитаке, кои можат да се најдат во специјализираните продавници. Искуствата од традиционалната кинеска медицина покажуваат дека овие печурки содржат една супстанција наречена лентинан, која има значителна антивирусна и имуностимулативна активност.  За зајакнување на имунитетот, не смееме да го заборавиме и лукот, кој треба да го земаме свеж или термички обработен.

Истражувачите констатирале дека лукот или екстрактот од лук ги уништува туморозните формации и патогените микроорганизми и го сметаат за “модулатор на биолошкиот одговор“ на организмот. Зајакнувањето на имунитетот зависи од внесувањето на сите видови овошје и зеленчук што ни ги нуди нашата еколошка средина. Оваа навика во исхраната е причина медитеранците процентуално да се најздравите луѓе на светот. Белите крвни зрнца кај вегетаријанците се двапати поефикасни во борбата против туморозните клетки, во однос на белите крвни зрнца кај луѓето што јадат многу месо. Се претпоставува дека поголемото присуство на бета каротин во крвта не вегетаријанците е нивна предност. Затоа, ако сакаме да бидеме отпорни на болестите, не смееме да ги заборавиме зеленчуците богати со бета каротин: морковите, тиквичките, спанаќот, брокулите, карфиoлот и сите видови свежо овошје од нашата еколошка средина. Присуството на минералот цинк во исхраната овозможува имунолошкиот систем да работи оптимално кај сите луѓе и да го “подмлади“ имунитетот кај постарите. Имунитетот на човекот се намалува со јадење мрсна храна и со пиење многу алкохол. Треба да внимаваме да не внесуваме со храната многу шеќери и концентрати од шеќери, бидејќи тие го намалуваат имунитетот.