Текстови

КОМПИРОТ И НЕГОВИТЕ КВАЛИТЕТИ

Покрај топла печка на неа варен компир, тоа било пракса на онаа стара генерација пред нас. Денес ние кои живееме во оваа постмодерно време не ни се чека многу да се вари компирот и затоа побрза алтернатива ни е пржениот компир. Во пржениот компир во организмот се внесува поголема количина на заситени масти, па затоа овој начин на подготвување на компирот треба да се избегнува. Зошто баш онаа стара генерација го избрала оној начин на варење на компирот, се разбира затоа што е здраво.

Компирот содржи околу 60 различни фитосоидиненија и низа важни минирели како калциум, фосвор, бакар, цинк и железо. Во компирот ги има и витамините Б1, Б2, и Б9. Богат е со витамин Ц, кој значително ја подобрува апсорпцијата на железото од компирот. Компирот содржи јаглехидрати, особено скроб, белковини и мала количина на масти. Најголем дел од белковините и витаминот Ц се наоѓаат веднаш под кората.

Според најновото истражување компирот содржи многу важни биолошки активни протеини. Овие протеини го штитат организмот од болести и предвремено стареење, а покрај тоа имаат способност и да го намалат високиот крвен притисок.

Меѓутоа не треба да се заборави дека гликемискиот индекс на компирот зависи и од начинот на припремање. На пример, гликемискиот индекс за печен компир е 95 за сварен лупен компир е 70, додека за сварен не лупен е 65. Затоа е препорачливо компирот да се вари со кората. За уште подобар ефект за здравјето, компирот треба да се конзумира изладен. Тогаш во компирот се зголемува уделот на т.н.р отпорен скроб, кој е несварлив и не се апсорбира во танкото црево. На овој начин несварливиот скроб дејствува како пробиотик кој го потикнува растот на корисните бактерии во цревата, а го намалува бројот на патогените микроорганизми. Несварливиот скроб има и други корисни својства дава чуство на ситост, го подобрува искористувањето на калциумот и поволно влијае на нивото на шеќер во крвта.

Благодарение на уникатната биолошка вредност на компирот и изобилството на хранливи материи, витамини и минерали, ова едногодишно растение се смета за едно од најхранливите.