Текстови

Корисноста на медот

Дали знаете каков извор на храна е медот, кој Бог му го нуди на луѓето преку пчелите?

Медот се состои од шеќер, глукоза и фруктоза, и минерали како магнезиум, калиум, калциум, натриум-хлорид, сулфур, железо и фосфати. Исто така содржи и витамин Б1, Б2, Ц, Б6, Б5 и Б3, а концентрацијата од сето наведено зависи од квалитетот на нектарот и поленот.Медот во мали количини содржи и бакар, јод и цинк. Според тоа, во него се наоѓаат и неколку врсти на хормони.

Медот е даден од Бог како нешто добро за човекот. Овој факт научно е потврден. Откриено е дека медот, кралското желе, поленот и прополисот лечат многу болести. Медот се користи во лечење на пациенти кои имаат мрежа на окото. Од 2094 пациенти во потполност биле излечени 2002. Прополисот, исто така помага во лечење на многу болести како што се проблеми на кожата, венерични болести и многу други пореметувања.

Медот има многу предности:

Лесно се вари: Бидејќи молекулите на шеќерот од медот можат да се претвараат во други шеќери(т.е фруктоза во глукоза)медот, и покрај својата висока киселост, лесно се вари и кај луѓе со најосетлив стомак. Тој им помага на бубрезите и цревата подобро да функционираат.

Има ниска калорична вредност: Следниот квалитет на медот се гледа во споредба со иста количина на шеќер – тој му дава на телото 40% помалку калории. Иако медот му дава на телото голема енергија, тој не му ја зголемува тежината.

Брзо влегува во крвта: Кога ќе се помеша со млака вода, медот за седум минути достигнува во крвотокот. Слободните молекули на шеќерот од медот ја подобруваат функцијата на мозокот, затоа што мозокот е најголем потрошувач на шеќер.

Помага во изградбата на крвта: Медот обезбедува важен дел на енергија која му е потребна на телото за изградба на крвта. Според тоа, тој помага во прочистувањето на крвта. Медот има одредени позитивни ефекти во регулирањето и подобрувањето на циркулацијата на крвта. Исто така делува како заштита против проблеми со капилари и артериосклероза.

Уништува бактерии: Ова бактерицидно својство на медот е наречено „инхибиционен ефект“. Експериментите извршени со медот покажуваат дека неговите бактерицидни својства се зголемуваат двократно кога ќе се разблажат со вода.

Кралско желе: Кралското желе е супстанција која пчелите ја произведуваат во кошницата. Оваа хранлива супстанција содржи шеќер, протеини, масти и многу витамини.

 

Користена литература:Чудеса стварања – Харун Јахи