Текстови

ЛАЖНИ ,,ЗДРАВИ,, ПРОДУКТИ

Сите знаеме дека здравата и избаласирана исхрана нуди здрава линија, помага во превенција од разни болести, таа ни овозможува да изгледаме и да се чуствуваме се подобро ( и помладо)… – списокот е долг. Ако се потрудиме и ја исфрлиме сета онаа лоша и нездрава храна и на менито ставиме здрави продукти, сигурно под етикетата “немасни“ и “производи со малку маснотии“ ќе се “сокријат“ производи полни со сол, шеќер и јаглеродни хидрати. Кои се тие нездрави продукти кои се прикажувале во здраво светло?

ЈОГУРТ СО ВКУС НА…

Многу режими на исхрана со малку маснотии препорачуваат здрави меѓуоброци, меѓу кои и јогурт. Обичен јогурт содржи малку шеќер и полн е со пробиотици кои му помагаат на нашето варење. Меѓу другите добри страни на јогуртот се и калциумот, калиумот и витаминот Д . Затоа бевме уверени кога се работи за јогуртот дека изборот и не е важен. А, всушност, изборот на јогурт и тоа како е важен. Овошните и детските верзии често се полни со шеќерен сируп, чија консумација е еднаква на потопување банана во чоколадо и нарекување на тој чин дека е диетален оброк. Уште едно предупредување: немојте да го ставате обичниот јогурт во зашеќерените верзии на снегулките. Наместо нив, во јогуртот ставете боровница или ако посакувате крцкав вкус, користете обични пченкарни снегулки.

СМРЗНАТИ ЈАДЕЊА

Се трудите да ја избегнувате сета таа нездрава храна и мислите дека сте пронашле решение во смрзнатите јадења? Не мора толку да се заморувате со оглед на вистинските продукти, само прочитајте што пишува на пакувањето и ставете го во микробранова. Во што е штосот?

Многу јадења всушност содржат производи кои се полни со сол, јаглеродни хидрати и, пред се конзерванси. Подобро и поздраво е самите да ги подготвите оброците користејќи свежи продукти, да ги спакувате и да ги подгревате во тек на неделата.

ОВОШЕН СОК

Чаша сок од портокал наутро се препорачува, но пиењето големи количества сок од портокал, грејп и слични напивки во тек на денот ве полни и со калории (околу 150 од чаша), а оние 20 грама шеќер нема ниту да ги споменеме. Најдобар избор: самите исцедете сок од портокал или грејп ако сакате да загубите на тежина.

БУРГЕР СО МИСИРКИНО МЕСО

Не е лошо да го намалите внесувањето црвено месо, но ако тоа го правите така што ќе го замените обичниот хамбургер со оној од мисиркино месо, нема многу да се оддалечите од калориите. Всушност, некои бургери од мисиркино месо се помасни од обичната варијанта, дури и без порцијата со пржени компирчиња преполни со сол.

СНЕК-ПАКУВАЊА ОД 100 КАЛОРИИ

Добро знаете дека вреќичката полна со немасен кекс или крекери не е баш здрав меѓуоброк, но мислите дека баш и не грешите толку. Не е точно. Голтањето празни калории, дури и ако се само 100, единствено ќе ве направи гладни бидејќи се што добивате се шеќер, сол и јаглеродни хидрати. Наместо нездрави пакувања, самите подгответе здрави јадења од суво овошје и од несолени оревови плодови и подготвени сте за следниот напад на глад.