Текстови

МЕСОТО КАКО ХРАНА

Исхраната која при создавањето му била дадена на човекот не вклучува храна од животинско потекло. Човекот добил дозвола да јаде месо дури по потопот, кога било уништено сето зеленило на Земјата.

Господ покажал која исхрана е најдобра кога ја одбрал храната за човекот во Едем; истата поука ни ја покажал и кога го направил изборот за израелскиот народ. Тој ги извел Израелците од Египет и раководел со нивната обука, за тие да можат да бидат Негов народ. Тој им ја овозможил најдобрата храна за тоа, не месо, туку мана, „небесен леб„ .

Им била дадена храна од животинско потекло единствено поради нивното незадоволство и мрморење по египетските лонци, но и тоа само за кусо време. Употребатна месна храна на илјадници им донела болести и смрт. Па сепак ограничувањето на безмесна исхрана никогаш не била искрено прифатено. Тоа продолжило да биде причина за отворено или прикриено незадоволство и мрморење. Никогаш не било постојано применувано.

При сместувањето во Ханан, на Израелците им било дозволено да јадат животинска храна, но со грижливи ограничувања кои имале за цел да ги намалат лошите последици од неа. Била забранета употреба на свинско месо, како и на месото од некои други животни, риби и птици кое било прогласено за нечисто. Исто така била строго забранета и употребата на салото и крвта од месата дозволени за јадење.

За храна можеле да се употребуваат само здрави животни. Животните кои умреле, биле растргнатиили оние од кои крвта не била внимателно исцедена не смееле да се употребуваат како храна.

Израелците претрпеле големи загуби оддалечувајќи се од планот за исхрана на кој им укажал Бог. Тие копнееле по месна исхрана, па ги жнееле и последиците од неа. Не го досегнале Божјиот идеал за карактерот ниту ја исполниле Неговата намера. Господ го исполни нивното барање, но прати пораз за душите нивни (Псалм 106,15). Тие го вреднувале земното повеќе од духовното и затоа не го добиле светото предимство што Бог сакал да им го подари.

Причини за изоставување на месната храна

Оние кои јадат месо не јадат ништо друго освен житарки и зеленчук од втора рака; зашто од овие работи животните ги примаат хранливите состојки кои им овозможуваат да растат. Животот од житерките и зеленчукот преминува во животното што ги јаде. Ние го примаме јадејќи го животното. Колку е подобро да земеме директно, јадејќи ја храната што Бог ја одредил за нас!

Месото никогаш не било најдобра храна; но сега имаме двојно повеќе причини против неговата употреба бидејќи болестите на животните брзо се зголемуваат. Оние кои јадат храна од животинско потекло не знаат многу за она што го јадат. Кога би можеле да го видат животното што го јадат и да дознаат со што било хрането, тие би се одвратиле од него со неодобрување. Луѓето постојано јадат месо полно со туберкулозни и канцерогени клетки. На тој начин се добиваат туберкулоза, рак и други фатални болести.

Свинското ткиво е преполно со паразити. Бог за свињата рекол: таа е нечиста за вас; месото нивно не јадете го и до труповите нивни не се допирајте (5.Мој.14,8). Оваа наредба била дадена затоа што свинското месо не е прикладно за јадење. Свињата е чистач и тоа е единствената намена што таа требала да ја исполнува. Никогаш, под никакви услови, луѓето,не би требало да го јадат нејзиното месо. Месото на ниедно живо суштество не може да остане здраво кога неговата природна состојка е нечистотијата и кога се храни со одвратни нешта.

Често пати се изнесуваат на продажба животни кои се толку болни што нивниот стопан се плаши да ги задржи подолго. И некои процеси на гоење предизвикуваат болести. Нивните тела стануваат потполно заразени кога оттргнати од светлината и чистиот воздух, ја дишат атмосферата на задушливите штали и можеби се гојат со расипана храна.

Често пати животните се транспортираат на големи растојанија и многу страдаат пред да стасат до пазарот. Одведени од зелените пасишта, изложени на километри и километри жежок, правлив пат, илизбиени во нечисти вагони, вознемирени и исцрпени од многуте часови поминати без храна и вода, кутрите животни одат кон својата смрт само за да можат човечките суштества да се нагостуваат со нивното месо.

На многу места рибите станале тлку затруени од храната што ја јадат што можат да предизвикаат болест. Ова особено важи за местата на кои рибите, доаѓаат во допир со отпадните водиод големите градови. Рибите кои се хранат со она што се наоѓа во овие води можат да преминат во далечни води и да бидат фатени во чиста вода. употребени како храна, тие носат болест и смрт за оние кои воопшто не се посомневале на опасност од нив.

Последиците од месната исхрана можеби нема да се забележат веднаш; но тоа не значи дека таа не е штетна. Малкумина можат да се натераат да поверуваат дека месото што го јаделе ја загадило нивната крв и го предизвикало нивното страдање. Мнозина умираат од болести чија единствена причина е јадењето месо, не сомневајќи се за вистинската причина.

Лошите морални последици од јадењето на месо се не помалку забележливи од физичките болести. Месната храна е штетна за адравјетои секој нејзин ефект има свој соодветен одраз на умот и душата. Помислете на суровоста кон животните која е вклучена во јадењето месо и на последиците од неа кај оние што ги колат и оние кои тоа го гледаат. Колку тоа ја уништува нежноста со која треба да се однесуваме кон овие Божји созданија!

Разумноста што ја покажуваат многу неми животни толку се приближува кон човечката што тоа останува тајна. Животните гледаат и слушаат, сакаат, се плашат и страдаат. Тие ги користат своите органи далеку поверно од многу човечки битија. Покажуваат сочувство и нежност кон оние што страдаат со нив. Многу животни покажуваат наклонетост кон оние што се грижат за нив; оваа наклонетост ја надминува онаа на некои човечки суштества. Тие толку се приврзуваат за луѓето што неможат да се одделат од нив без големо страдање.

Кој човек со хумано срце, кој некогаш се грижел за домашни животни, може да погледне во нивните очи и доброволно да ги предаде на касапскиот нож? Како може да го смета нивното месо за деликатес?

Погрешно е мислењето дека силата на мускулите зависи одхраната од животинско потекло. Потребите на организмот можат да бидат подобро задоволени и може да се ужива во повитално здравје без нејзина употреба. Житарките, во комбинација со овошје, зрнести плодови и зеленчук ги содржат сите прехрамбени состојки потребни за создавање на добра крв. Овие состојки пак, не можат толку добро или во целост да се внесат преку месната храна. Кога употребата на месото би била толку суштествена за здравјето и силата, храната од животинско потекло би била вклучена во исхраната која на почетокот била одредена за човекот.

Кога ќе се престане со употреба на месо, често се јавува чувство на слабост и недостиг на виталност. Мнозина ова го сметаат како доказ дека месната храна е неопходна; Но тоа се случува затоа што оваа храна е стимулативна, затоа што и дава трескавичност на крвта и ги возбудува нервите, па чувствуваме дека ни недостасува. Некои ќе се уверат дека да се остави месото е исто толку тешко колку што на алкохоличарот му е тешко да ја остави голтката; но токму за таквите оваа промена ќе биде од голема корист.

За да имаме хранлива и вкусна храна кога ќе го оставиме месото, неговото место треба да биде пополнето, со разновидност од житарки, зрнести плодови, зеленчук и овошје. Ова особено важи за оние кои се слаби или постојано преоптоварени со работа. Во некои земји во кои владее сиромаштијата, месото е најефтина храна. Под вакви околностие потешко да се направи промена; но таа може да се постигне. Сепак, треба да ја имаме предвид ситуацијата на луѓето и силата на навиките создавани во текот на целиот живот и да внимаваме да не гинаметнуваме прекумерно дури ни добрите идеи.Никој не смее да биде поттикнуван да ја изврши промената одеднаш.

Местото на месото треба да биде пополнето со здрава, но ефтина храна. Мнозина во овој поглед зависат од готвачката. Со грижа и умешност, можат да се подготват јадења кои ќе бидат и хранливи и вкусни, и кои, во голема мерка, ќе го заменат месото.

Во секој случај воспитувајте ја совеста, имајте добра волја, обезбедувајте добра, здрава храна и променета ќе биде бргу направена, а потребата од месо набргу ќе исчезне.

Зарем ова не е време кога сите треба да се стремат да го исфрлат месото од својата исхрана? Како можат оние кои сакаат да бидат чисти, благородни и слепи за да уживаат во друштвото на небесните ангели да продолжат да употребуваат нешто што е толку штетно и за душата и за телото? Како можат да убиваат Божји созданија за да го конзумираат нивното месо? Наместо тоа, нека се вратат кон здравата и вкусна храна која му била дадена на човекот на почетокот и нека бидат милостиви кон немите суштества кои Бог ги создал и ги поставил под наша власт, поучувајќи ги своите деца да го прават истото.