Цвекло, целер, ананас, папаја, ѓумбир, кисела зелка. Овие продукти содржат состојки кои ги поттикнуваат варењето и размената на материите, така што телото се ослободува од штетните материи. Формирајте ја својата диета во склад со овие продукти и успехот во намалувањето на килограмите ви е загарантиран.
Цвекло – Цвеклото ја подобрува работата на метаболизмот и протокот на жолчка, што е исклучително важно за согорување на мастите. Железото и фолната киселина го намалуваат нивото на масти во крвта и не постои можност да дојде до нејзино таложење во крвните садови. За подобар вкус измешајте го сокот од цвекло со сок од портокал или од морков. Во комбинација со витамин Ц се подобрува дејството на железото во организмот.
Витамин Ц – Овој витамин “против настинка“ е ефикасен согорувач на масти. Тој го поттикнува производството на хормони, кои влијаат на побрзо претворање на мастите во енергија. Вистински витамински бомби се: лимонот, кивито, грејпфрутот, пиперката, брокулата и шипката. Витаминот Ц има посебно дејство преку ноќ, особено ако се комбинира со белковини. Затоа, пред спиење испијте чаша сурутка или млеко во која ќе додадете неколку капки сок од лимон.
Сурутка – Во сурутката има големо количество вода, а многу малку калории и масти. Сурутката содржи големо количество калциум, калиум, белковини и витамин Б12, со што се подобрува разградувањето на мастите. Освен тоа, овие состојки го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Ѓумбир – Овој пикантен корен содржи етерични масла, кои ја поттикнуваат работата на жолчката, а со тоа ги разградуваат мастите и излачувањето на штетните материи од организмот. Ензимите во овој корен го подобруваат варењето. Исечкајте 10-20 грама ѓумбир, прелијте го со топла вода или сурутка и испијте ја содржината.
Целер – Целерот има специфичен вкус бидејќи содржи големо количество здрави етерични масла. Поради тоа овој зеленчук го забрзува варењето и размената на материи во организмот. Освен тоа, целерот содржи и калиум, кој го поттикнува лачењето течности. Коренот на целерот често се користи за подготвување супи и сосови, а може да се јаде и свеж.
Црн пипер – Кога ќе изедете нешто луто, ви станува топло. И добро е што е така! Топлината во организмот ја подобрува размената на материи, ја поттикнува циркулацијата на крвта и ги отвара порите. Сето тоа го забрзува разградувањето на мастите. Слично дејство имаат и кари, чили или пиперка. Овие зачини се многу поздрави од солта, па треба што почесто да се употребуваат во исхраната.
Кисела зелка – Киселата зелка е вистински согорувач на масти и во себе содржи огромно количество витамин Ц. Освен тоа, киселата зелка е богата со млечни киселини, кои се исклучително важни за природната флора во цревата. Киселата зелка го подобрува варењето и лачењето штетни материи од организмот. Слично дејство има и расолот, а може да се пие во комбинација со овошни сокови.
Ананас – Ананасот има исклучително дејство на организмот. Во него има големо количество био-состојки и еден важен ензим – бромелин. Тој ја поттикнува размената на материите и разградувањето на мастите. Ова тропско овошје го поттикнува и излачувањето течности од организмот со што се затегнуваат сврзните ткива. Ензимот бромелин е активен само во свежо овошје. Парчињата ананас од конзерва исто така содржат големи количества витамини и најдобро е да ги јадете измешани со јогурт.
Целеарии – Лешниците и житните растенија содржат огромни количества магнезиум, кој во телото ја поттикнува размената на материите. Со тоа се зголемува потрошената енергија и мастите не успеваат да се задржат во организмот. Исклучително е важно секојдневно да пиете многу течности. Особено е погодна минералната вода, која содржи големи количества магнезиум.
Папаја – Ова егзотично овошје е богато со здрави активни состојки. Витаминот Ц го подобрува разградувањето на мастите. Ензимот папаин ги поттикнува варењето и размената на материите, така што телото се ослободува од штетните состојки. При купувањето папаја треба да посветите внимание на нејзината боја. Зрелата папаја има жолта боја