Текстови

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА

Никогаш не јадете овошје и зеленчук заедно во ист оброк. Овошјето јадете го одвоено, нпр. пола саат пред јадење (ако не станува збор за банана или суво овошје. Во тој случај треба да почекате педесет минути пред да преминете на следниот оброк).

Имајте редовни оброци, три оброка дневно (освен кај дијабетичари). Појадокот е обавезен, и тоа обилен, а вечерата лесна и тоа три саати пред спиење. Вечерата може и да се изостави. Се подразбира дека треба да се легне порано, околу десет часот, посебно ако личноста е болна.Целта е да се воспостави природна рамнотежа на организмот. Кој сака неговиот систем за имунитет да се избори со болеста, мора на своето тело да му овозможи во вистинско време да се одмара. Дента треба да се искористи за активност, а ноќта за спиење!

После јадење корисно би било да се прошетате, барем половина саат

Од исхраната треба да се исфрлат следниве групи намирници: сите производи од животинско потекло, месо, јајца, млечни производи, сите рафинирани производи (бел шеќер, бело брашно, бел ориз), маргарин, туршија, оцет (дури и јаболков), рафинирани растителни масла, секоја врста на храна која содржи адитиви и конзерванси, вегета, сода бикарбона, прашок за пециво.

Храна која треба да се воведе: Житарки, оревасти плодови, семенасти плодови,овошје, зеленчук, маслиново масло и други ладни цедени масла и др.

Исфрлете ја од вашето мени пржената храна, зошто со загреаните масла на висока температура( во сите процеси на согорување) се ослободуваат слободни радикали кои се канцерогени.

Исфрлете ја запршката од употреба: Јадењата може да се згуснат исто така и ако во шоља се размати малку интегрално брачно,црвен пипер и се става во јадењето и се остава да се вари.

 

Користена литература:Кувар здраве хране-Емели Дожиќ