Обезбедете си прекрасна маса
Одберете едно или две места во домот каде што ќе се хранете. Секое јадење нека ви биде посебно. Јадете само на тие места.
Не пуштајте гласна музика
По можност никогаш не се хранете со музика што ви го одвлекува вниманието и ве тера да подигрувате.
Никаква телевизија додека јадете
Хранењето бара посебно внимание за да ја почуствувате сласта на храната. Исклучете го телевизорот и земете ја книгата.
Џвакајте бавно
Олабавете ги мускулите на лицето и задоволете ги потребите за џвакање со бавно соџвакување на храната. На мозокот му се неопходни 15 мин. за да му соопшти на стомакот дека е полн.
Малите нешта се убави
Ако ја ставате храната во мали чинии, вие многу полесно си ги “полните очите“, а тоа го мами мозокот давајќи му сигнали дека сте испразниле цела чинија.
Додавајте вкус а не калории
Додавајте доматен сос скоро во секое јадење. Тој ги задоволува рецепторите за вкус со многу малку или без маснотија. Измешајте го сосот со зеленчук, пржени јајца, печени компири и додајте го во салатите.
Чувајте го зејтинот во стаклено шише погодно за дозирање и додавајте го во салати, зеленчуци па дури и во пуканки.
Големата соја
Дејството на сојата е поврзано со моќните антиоксиданти, кои го спречуваат штетното дејство на слободните радикали. Тоа е основата што го определува стареењето. Сојата е уште еден повод да се свртиме кон диетата заснована на вегетеријанска исхрана. За разлика од животинските протеини, зрната од сојата не ги натрупуваат слободните радикали во телото и не ги тераат клетките да стареат. Тие заштитуваат и од срцеви заболувања и од дијабетес. Исто така се смета дека сојата го намалува ризикот од рак на дојката, како и холестеролот во крвта.
Задоволете го апетитот со благо
Кога ќе ви се јаде нешто благо ,не се насочувајте веднаш кон бонбоните.Земете некакво овошје-грозје,боровинки или јагоди.