Прекумерната и неурамнотежена исхрана предизвикува голем број на болести и смртни случаи

Најчести причинители на болести и смртни случаи

  1. Исхраната има клучно влијание врз здравјето
  2. Пет од десетте водечки причини на болестите и смртните случаи се поврзани со исхраната ( болести на срцевите артерии, рак, удар, дијабетес и артериосклероза).
  3. Следните три се поврзани со прекумерното внесување на алкохолот (цироза на црниот дроб, несреќни случаи и самоубиства).
  4. Прекумерната или неурамнотежена исхрана исто така допринесува до проблеми како покачен крвен притисок, дебелина, болести на забите, остеопороза и гастроинтестинални болести.

Од овие истражувања може да се види дека основна причина на смртта во голема мера е нездравиот начин на живот. Многу смртни случаи при инфективните болести се предизвикани од имуниот систем кој е ослабен со лошиот стил на живот.

Сега е јасно дека исхраната во значајна мера допринесува до развој на овие болести и дека измената на исхраната можат да допринесат до нивно спречување и контрола.

Добрите вести се дека иако не можеме да ја промениме нашата генетика, можеме да го промениме нашиот начин на живот.

Таа промена на начинот на живот може да спречи или да го одложи развојот на болести за кои сме генетски предодредени.