Растителните влакна се вид на јаглени хидрати кои не се апсорбираат (не преминуваат во крв). Телото не може да ги користи како извор на енергија. Целета внесена целулоза се исфрла преку столицата. Поради тоа, до неодамна не и се придавало никакво физиолошко значење.
Најновите сознанија ни зборуваат за големата важност на наизглед некорисните влакна: тие служат како чистачи на цревата, ги впиваат сите отрови и ги отстрануваат сите штетни супстанции, како што е жолчната киселина, која е претходник на холесторолот.
Растителните влакна се исполнуваат со вода и на тој начин им расте обемот. Тие ја олеснуваат столицата. Доколку исхраната содржи малку растителни влакна, затоа што не се внесува доволна количина на интегрални житарици и зеленчук, тогаш столицата е тврда, сува, и цревата потешко ја исфрлаат. Таквата состојба може да доведе до хемероиди и рак на дебелото црево. Целулозата ( растителните влакна) се исклучително од растително потекло. Ниеден производ од животинско потекло (месо, риба, млеко, јајца) не содржи целулоза.
Иако не ни обезбедува енергија и не поминува низ крвотокот, непходна е за здрав рамнотежен режим на исхраната, затоа што не штити од констипација (затвор) и го намалува холесторолот.