Текстови

Рецепти-2

Рецепт за домашен леб

1кгр интегрално брашно ( мелено жито)

50 гр свеж квасец

1/5 л млака вода

Морска сол

Ладно цедено масло

Малку ким и сончоглед (не е обавезно)

Се истура брашното во поголем сад. Во средината се преви дупка во која ја ставате коцката свеж квасец, малку млака вода и додавате една и пол лажица сол.

Оставате десет минути да се стопи квасецот. После тоа ги ставате семенките и додавате малку вода. Потребно е тестото да биде меко, да се лепи за рацете. Доколку го замесите тврдо, слабо ќе нарасне. После мешањето на тестото (може и со лажица) оставете го да нарасне. Покријте го со крпа и оставетего на топло место. Кога тестото ќе се удвои тогач можете да земете две помали тепсииили една поголема и да ја намачкате со масло. Сипете и малку брашно врз тепсијата. Тестото премесето го со влажна рака и поделете го на два дела и ставете го во тепсијата. Сипете во раката малку масло и премачкајте го тестото на горната страна.

Уклучете ја рерната на 250 Ц и ставете го лебот (без претходно загревање за да се подигне лебот). После 20 минути намалете ја температурата на 170Ц и печете го. Последните 10 минути печете на 150 Ц. Потребно е лебот да се пече 55-60 минути. Кога ќе се испече, извадете го од рерна и и оставете го во тепсијата 10 минути, да се олади.

 

Бомбици од смокви и кокос

100 гр кокосово брашно

Растително млеко

250 гр суви смокви

Потопете ги исечканите суви смокви и ореви во растително млеко. После пола саат сомелети ги и додадете кокосово брашно и обликувајте бомбици.