РЕЦЕПТИ

Мајонез од соја

2 лажици соино брашно

вода

малку сол

½ филџан ладно цедено масло

Соиното брашно треба да се размати со пола филџан вода и да се стави на тих оган да се вариНепрекинато се меша и се додава по малку вода кога сојата ќе пошне да се згуснива. Варете ја смесата десет минути.

Оставете ја смесата густа, зошто е потребно на крајот да додадете  уште некои течни состојки. Кога смесата ќе се олади, во неа исцедете сок од пола лимон и додадете масло. Додајте сол и сето тоа добро изматете го во миксер или блендер. Да се чува во стаклена тегла во фрижидер.

 

Здрава алва

200 гр. Сусамов таан

2 лаж. Јачменов слад (малтекс)

За оние кои сакаат послатко може и малку мед

Состојките се ставаат во сад и добро се промешуваат додека не се добие компактна маса.Може да се јаде со лажица или да се мачка на леб. Да се јаде во мали количини зочто е многу калорично.

 

Сутлијач од интегрален ориз

300 гр. Интегрален ориз

150 гр. Кокосово брашно

Лажица мед

2 лажици суво грозје

Може да се додаде и :

3 лаж.соино, оризово или овесно млеко во прав

2-3 лажици џем од црвено овошје

Оризот се мие и вари околу еден саат, повремено се додава вода. При крајот се додаваат кокосот и грозјето, се меша и става во сад да се олади и се додава мед.

Ако имате соино млеко во прав, разматете го со малку вода, па и него додајте го во оризот при крајот на варењето. Украсете го со малку џем од јагоди, вишни или друго црвено овошје и послужете го.