Текстови

Тиква

Тиквата е билка која по потекло е од Тропска Америка, од Мексико каде биле откриени остатоци од тиква 7 000 год.п.н.е. Неа ја познавале и Индијанците во чии митови таа има значајна улога. За нив тиквата била света билка. На познатите гробишта во Анкона кај Лима биле пронајдени семки од тиква. Тиквата е едногодишно градинарско растение чие латинско име цуцурбита, значи обвиена. Таа играла значајна улога во исхраната кај старите народи. Често се користела зачинета со мед за ублажување по јадења кои се многу зачинети.

Античките лекари меснатиот дел го користеле како лаксативно средство. Семето исто така има посебно значење во народната медицина, тоа служело како средство за исфрлање на пантличара? Основни состојки на меснатиот дел на тиквата е каротинот и витаминот Е, ензимите и многу олиго елементи, додека семките содржат витамин Б, лицетин има значајна улога во заштита на организмот од артериосклерозата, а влијание и на намалување на холестеролот во крвта, додека кукурбитацинот ги уништува цревните паразити.

За здравје

Месниот дел од тиквата и нејзиниот семе имаат различни лековити својства. Едно од основните лековити својства на месниот дел од тиквата е тоа што таа делува диуретично, го подобрува излачувањето на урината, па поради тоа се препорачува во диетотерапија и ревматизамот, гихт, воспаление на бубрезите и воспаление на мочната бешика. Тиквата делува смирувачки, па е погодна за исхрана на болните кои боледуваат на тенкотот црево и го зајакнуваат крвавиот пролив. Може да ја земете варена или печена, а може да се пие нејзиниот свежо-исцеден сок. Таа се приготвува и како компот, а пожелно е да се земе наутро на гладно бидејќи делува против затворот. Погодна е и како диетална храна за лица кои имаат болен желудник, како и за претерано дебели лица. Таа се користи и за ублажување на псоријаза. Болните од ваквата болест тиквата треба да ја јадат секојдневно. Облага од свежо нарендана тиква може да се употреби и кај изгореници од прв степен, како и средство за ублажување.

Семе

Семките од тиквата се познати како извонредно средство против цревните паразити, детските глисти и пантличарии. За употреба на семките во лекување на овие болести постојат повеќе рецепти. Основно е што потполно се нештетни а може да се земаат неколку дена непрекинато. Земена во било кој облик тие добро се поднесуваат. Кога станува збор за деца од 2-3 години, бремените жени, доилките, лица постари од 60 години како и оние исцрпените или со заболен црн дорб, на семките треба да им дадат предност во однос на сите средства кои се користат против паразитите. Поради хранливата вредност тиквата треба почесто да се употребува.