ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ЈАДЕ МЕЃУ ОБРОЦИ

Сигурно ќе ве изненади фактот дека педесет од секои сто жители на нашата планета заминуваат на спиење без храна, затоа што едноставно немаат што да јадат. Да, светот во кој живееме пијан е од незапаметено изобилство, од една страна, а сепак од друга страна, стотици илјади, па и милиони, немаат доволно храна.

Фала на Бога, ние живееме во земја каде гладот и крајното сиромаштво се само немили спомени од минатото, но сепак на нас ни се заканува друга опасност.

Исус ја опишал со овие зборови: Но, внимавајте на себеси, вашите срца да не бидат оптоваренисо прејадување и пијанство, со животни грижи и да не ве затече ненадејно оној ден. (Лука 21,34).

Оваа било сериозна опомена. Гледајќи далеку во иднината, Исус ги видел опасностите кои ќе му се закануваат на човештвото. Видел како луѓето стануваат робови на апетитот, кој постанал единствен господар на нивните мисли и напори. Колку е тоа денес животна вистина можеме да видиме ако само неколку минути прошетаме по улиците на било кој град. На секој чекор ни се дава прилика нешто да подапнеме и нешто да се напиеме. Ако е со тебе детето , тешко ќе можеш да одолееш како добар родител на неговите молби да му купиш несто слатко, сладолед или освежителен пијалок.

Па зарем тоа е толку страшно ако детето а преку него и лубезните родители,земаат по некој залак додека шетаат? Па тоа сигурно нема да ја расипе вечерата? Па тоа сите го прават!

Нередовното земање на храна е штетно по здравјето од неколку причини:

  • 1.Тоа не му дава на желудникот и на останатите органи нормално да се одморат.
  • 2.Го успорува варењето , па доаѓа до подуеност на стомакот.
  • 3.Со тоа се јавува склоност кон зголемено земање на вкупната количина на храна, т.е. се натрупуваат премногу калории.
  • 4.Нередовните оброци често се состојат од јаглехидрати и телото не добива доволно минерали и витамини.
  • 5.Опаѓа текот на редовните оброци.

Редовноста на оброците е посебно важна во чувањето на телесното здравје и смиреноста на умот! – напишала Е. Г. Вајт во книгата „ Counsels on Health„ – помеѓу оброци не смее ни еден залак да се стави во уста. Уште во 1876 година таа напишала дека после редовниот оброк на желудецот треба да му се даде пет часа одмор. До наредниот оброк не смее да се земе ниту една ронка храна. Желудецот во тој раздел , во тој период ќе ја одработи својата работа и пак ќе биде спремен за нов оброк.

Современото знаење ја потврдило оправданоста на овие препораки. Dr. Ralph F. Waddell, долгогодишен мисионер задолжен за здраството при Генералната конференција, пишувал за точноста во истражувањето на тоа подрачје. Да ги пренесиме најважните мисли од неговите записи.

Истражувачите ги интересирало за колку време желудникот нормално се празни после оброкот. Заклучено е дека за шест часа после земањето на храната само во многу ретки случаи има уште траги на оброкот во желудецот. Нормално е желудникот потполно да се испеазни за четири до четири и пол часа . Направени се серија испитувања на пациенти доброволци на празен желудник да земаат вообичаен доручек од житарици, леб, варено овошје и јајца. Ренгенски е докажано дека желудникот се празни за четири до четири и пол часа.

Неколку дена после тоа, пациентите добиле сличен доручек. Два часа после оброкот, еден пациент добил сладолед. Неговиот желудник ја варел храната преку шест часа. Другиот во исто време земал сендвич со маслац од кикиритки. Во неговиот желудник и по девет часа варење сеуште имало остатоци од храна. Третиот добил парче пита од тиква и една чаша млеко. После девет часа, во желудникот сеуште имало големо количество остаток од храна. Четвртиот после час и половина по доручкувањето добил парче леб намачкан со маслац, и тоа се повторувало секој час и половина. После девет часа во неговиот желудник сеуште имало повеќе од половина од оброкот што го изел. Петтиот испитаник добил редовен доручек во осум часот наутро. Два пати предпладне и два пати после пладне земал по едно парче чоколада. Во 21,30, значи 13 и пол часа после јадењето, во желудникот се наоѓало повеќе од половина доручек. Се покажало дека и земањето на мала количина на кикиритки го продолжува варењето во толкава мера што единаесет часови после земањето на храната во желудникот сеуште има недоварена храна. Таквиот начин на исхрана му штети на организмот, го спречува неговото нормално функционирање и ги намалува неговите умни, телесни и душевни способности.

Зборувајќи за децата Елен Вајт кажува дека им се допушта да јадат помеѓу оброци и затоа кога ќе наполнат дванаесет или четиринаесет години стануваат прави диспептичари што значи имаат голема тешкотија со варењето поради недостиг на желудичен сок.

Па тогаш кога е добро да се зема храна? Ова прашање бара јасен одговор. Еве го: Не треба да јадеш меѓу оброци. Оброците мораат да бидат распоредени така што да помине најмалку пет часа помеѓу двата оброка. Така на желудникот му се дава можност да се одмори.

Споменатиот Dr Waddell кажува: Бидете добри кон својот желудник, па и тој ќе биде добар спрема вас. Постапувајте со него внимателно, дајте му одмор, не го оптеретувајте! Таквиот начин на исхрана сигурно ќе се покаже како многу корисен по вашето здравје! Ова е многу добар совет. Зарем нема да го искусиме во пракса.