Текстови

Упатство за употреба на телото

Има само еден начин да дознаеме што е најдобро за сложениот систем наречен “човечко тело“, а тој начин е да се консултираме со неговиот Создател. Обично производителот ги изготвува најдобрите прирачници за своите производи. Производителите на автомобили секогаш издаваат прирачници со совети за тоа како превозното средство да се одржи во најдобра состојба.

Кога Бог го создал телото, Тој дал точни упатства за “горивото“ што треба да се користи и за одржувањето. Видете го овој совет запишан во Битие 1:29 – И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!“ Досега никој не успеал да ја подобри оваа диета. Мешункастите и зрнестите плодови, овошјето и зеленчукот сеуште се признаваат како најздрава храна од страна на врвните нутриционисти.

Зошто луѓето со таква несериозност пристапуваат кон идеалниот начин на исхрана, создаден во почетокот на човечката историја од страна на еден совршен Бог за неговите совршени созданија. Денес, иако поради проклетството на гревот овие тела се дегенерирани по сила и раст, никакви докази или научни факти неможат да ја оспорат Божјата мудрост.

Забележете како современиот човек се отстранил од едноставноста на првобитната исхрана. Денес чиниите се полни со животински протеини, јагленихидрати и масти. Во почетокот Бог не ја предвидел употребата на месо. Очигледно месото и тоа само од определени животни било дозволено за храна после потопот, кога целиот растителен свет бил уништен. Бог му ги дал следните наредби на Ное: Земи со себе од сите чисти животни по седум двојки: машкото и неговата женка (Битие 7:2)

Немојте да го испуштите овој многу важен факт, законот за чистите и нечистите животни бил даден уште во самиот почеток на човечката историја. Некои велат дека само на евреите им било забрането да јадат нечисти животни. Но, тие се во целосна заблуда. Во времето на Ное воопшто немало евреи па може да видиме дека оваа поделба важи за сите. Зошто во Ноевиот кораб биле земени повеќе чисти животни? Бидејќи целата вегетација требало да биде уништена од потопот и Бог за првпат требало да му дозволи на човекот да јаде месо. Но само чисто месо! Ако Ное и неговото семејство јаделе нечисти животни, тогаш тие виодви би биле исчезнати бидејќи во коработ имало по едно машко и едно женско кои требале да го продолжат видот. Од друга страна имало по седум двојки од чистите животни. Само тие можеле да бидат употребувани за исхрана без притоа видот да биде загрозен.

Откако во Битие е сосема јасно дека животните се делат на чисти и нечисти, тогаш се поставува прашањето како да ги разликуваме едни од други. Бог не не оставил во недоумица по ова важно прашање. Во книгата Левит 11:3-11 ги определил точните критериуми: “секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете. Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита – нечиста е за вас и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита – нечист е за вас; дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита – нечист е за вас. А свињата, иако има копита, не прежива – нечиста е за вас. Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша – тие се нечисти за вас. А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, било во морињата, било во реките, а има перки и лушпи, можете да јадете. А што нема перки и лушпи во морињата и реките – од сè што плива во водата и од сè што живее во водата – се нечисти за вас. Тие нека се нечисти за вас; не јадете го нивното месо и гнасете се од нивните трупови.