Текстови

Витамин B1 (тиамин)

Витаминот В1 е откриен во интегралниот ориз на почетокот на 20 век, кога е забележано дека супстанцата може да ја лекува болеста наречена берибери.

Витаминот В1 ги има следниве функции:

– Влијае врз согорувањето на јаглеродните хидрати, олеснувајќи ги хемиските реакции со чија помош крајниот производ гликозата се претвора во енергија.

– Витаминот В1 е основен фактор во нервниот систем. Неговиот недостиг предизвикува раздразливост и нервна неврамнотеженост.

Дневни потреби од витамин В1

Деца………………………0,7 – 1 мг

Мажи………………………1,5 мг

Жени………………………1,1 мг

Трудници………………..1,5 мг

Доилки……………………1,6 мг