Текстови

Витамин Е

Тоа е витамин растворилив во масти како што се и витамините А, D, и К. За разлика од првите два, тој почесто може да се најде во растителните продукти отколку во продуктите од животинско потекло и не претставува опасност ако се земе во поголеми количини. Витаминот Е има важна улога во метаболизмот:

– Ги штити клетките од стареење, веројатно со своето антиоксидационо дејство.

– Нé штити од рак. Лабораториските животни, на кои им се даваат поголеми количини на витамин Е, се поотпорни на канцерогените фактори од оние кои не добивале витамин Е.

– Учествува во создавањето на репродуктивни клетки (сперматозоиди и јајцеклетки). Тоа ја подобрува способноста на сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката. Витаминот Е им се препорачува на жените кои подметнуваат.

– Го олеснува функционирањето на нервниот систем и на хипофизата, жлезда која го регулира создавањето на хормоните во организмот.

Извори на витамин Е

Витаминот Е е мошне распространет во природата, особено во растителниот свет. Никулците на житариците, растителните масла и маслодајните семиња се најдобри извори на витамин Е. Во месото се наоѓа само во незначителни количества. Вегетаријанскиот режим на исхрана, особено ако ги опфаќа интегралните житарици (витаминот Е се наоѓа во никулците), обезбедува големи дози на витамин Е.

Неопходно е да се напомене дека некои видови на брашно, наречени интегрални, не содржат никулци од пченица. Понекогаш тоа брашно е само смеса на бело брашно и трици. Вистинските интегрални брашна содржат никулци, но брзо се расипуваат и мора да бидат употребени штом ќе се сомелат. Пахулките од житарици нормално содржат нукулци. При утврдувањето на квалитетот на брашното и житариците, добро е да се обрне внимание на овие подробности.

Дневни потреби од витамин Е

Деца………………………6-7 мг

Мажи………………………10 мг

Жени………………………..8 мг

Трудници………………..10 мг

Доилки……………………12 мг

Витамин Е
ПродуктиКоличество во мг/100гКоличество на продукти
во г кое ги обезбедува
препорачаните 10 мг дневно
Масло од пченка1925
Масло од сончоглед5120
Бадеми2442
Пченични никулци1471
Маслиново масло1283
Ореви2,6385
Авокадо2,3435
Соја1,95513
Спанаќ1,89529
Праски0,71428
Пиперки0,691449
Малини0,452222
Путер1,58633
Јајца1,05952
Кирна (риби)0,52000
Џигер, говедски0,342941
Бело пилешко0,33333
Свинско посно0,293448
Овчи бут0,214762
Кравјо млеко0,110000