Витамини

Витамините се органски супстанции кои на нашиот организам му се потребни во мали количини но не може да ги создаде сам. Заради тоа мора да ги внесеме преку храната.

Во 1912г полскиот биохемичар Казимир Функ открил некои материи што ни биле неопходни за живот и ги нарекол тие материи vitales amines т.е витамини. Како се откривани така и добивале имиња според азбуката но и денеска сеуште се откриваат нови материи во растенијата неопходни за нашиот организам .

Откривањето на витамините и нивни извори

Год. на откривање

Витамин

Извор

1909

Vitamin A (Etinol)

Морков,спанаќ,папаја,манго

1912

Vitamin B1 (Thiamin)

телешки џигер, кикирики,сончоглед

1912

Vitamin C (Ascorbic acid))

Лимони,киви,портокали,брокула.

1918

Vitamin D (Calciferol)

Јајца,млеко,сардина,бакалар

1920

Vitamin B2 (Riboflavin)

Јајца,сирење,риба,квасец

1922

Vitamin E (Tocopherol)

дроб,кикирики,спанаќ,лешници

1926

Vitamin B12 (Cyanocobalamin)

црн дроб,јајца

1929

Vitamin K (Phylloquinone)

Луцерка,спанаќ,брокула,аспарагус,морков

1931

Vitamin B5(Pantoyhenic acid))

црн дроб,јајца,печурки,лешници,

1931

Vitamin B7 (Biotin)

црн дроб,соја,печурки,банани,кикирики

1934

Vitamin B6 (Pyridoxine)

банана, лешници

1936

Vitamin B3 (Niacin)

црн дроб ,пилешки гради,јагнешки бут

1941

Vitamin B9 (Folic acid)

банана,портокали, пченични, никулци,ориз,грашок

Растенијата се основен извор на витамии.

Додека, месото содржи многу малку витамин Ц

Исхраната богата со овошје,зеленчук и житарици ги обезбедува сите неопходни витамини ,подобро од месната исхрана.>

ВИТАМИН А

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”63″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”300″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”550″}}]]

Во обоените растенија (морков, домат,…), витаминот А се наоѓа во вид на провитамини, бета-каротен, кои нашиот организам ги претвара во витамин А или ретинол.

Витаминот A ги има следните функции:

– создавање на пигмент на видот во ретината. Недодтатокот од Витамин А го намалува ноќниот вид (кокошкино слепило). vitamina A

– Создавање и одржување на келии кои ја прекриваат кожата, очите, устата и внатрешните органи.

– Спречува создавање малигни тумори благодарејќи на своето антиоксидирачко дејство.

Претераната употреба на витамин А е токсична за луѓето. Симптоми на труење (хипервитаминоза) се: умор, нервоза, болка во коските, декалцификација, главоболка, губење свест.
Растителната исхрана на големо ги обезбедува потребите на нашиот организам за витамин А,во вид на провитамин керотин. Керотинот(растителен провитамин А) делува превентивно против рак.

Витамин А

Продукти – Количина во mg на 100 g

Луцерка – 5300
Морков – 4500
Спанаќ – 4300
Репка – 3000
Манго – 1600
Першун – 1200
Кајсија -933
Диња – 866
Блитва – 666
Папаја – 583
Домат – 433
Пиперка – 273
Телешки џигер – 6060
Туна – 970
Бакалар – 939
Кравјо млеко – 10
Телешко месо – 6