Закони за добра исхрана

1. Закон за квантитет

Количината на внесени продукти треба да ја задоволи потребата на организмот во поглед на енергијата и супстанциите неопходни за растење,за одржување на ткивата и органите. Правилната исхрана ни овозможува да ги оствариме следните функции:

-растење, репродукција, работа, ментални активности, изедначена телесна тежина кај возрасните.

2. Закон за квалитет

Режимот на исхрана мора да биде комплетен и разновиден по својот состав, обезбедувајќи му ги на организмот сите неопходни состојки: јагленихидрати (глициди), масти (липиди), протеини (протиди), витамини, минерали, вода и растителни влакна.

3. Закон за рамнотежа

Количината на различни сустанции кои обезбедуваат енергија (јаглени хидрати, масти, протеини) мора да има правилна взаемна рамнотежа

  • Јаглените хидрати обезбедуваат измеѓу 55% до 75% од вкупните калории, што за режим на исхрана од 2000 калории изнесува помеѓу 1100-1500 калории во облик на јаглени хидрати или глициди. Тоа значи дека во желудникот се внесуваат 275-375 грама глициди дневно.
  • Мастите не би требало да изнесуваат повеќе од 30% од вкупните калории. Поголемиот дел треба да бидат од растително потекло. Тоа изнесува 66 грама масти дневно, за просечна исхрана од 2000 калории.
  • Протеините би требало да изнесуваат 10-15% од вкупните калории. Тоа значи дека за просечен режим на исхрана од 2000 калории, 200-300 треба да бидат во облик на протеини, а тоа би го постигнале со 50-75 грама протеини на ден.

4. Закон за усогласување

Изборот, начинот на припремање и количината на продуктите мора да се усогласи со тежината, годините, физиолошката состојба и видови на дејностите.